Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Пребарувај

 
Бугајски: Без групен прием во ЕУ, туку според заслугите на секоја земја поединечно


16/10/2006

Процесот на проширување на ЕУ ќе биде забавен, но нема да прекине приемот на нови членки, смета директорот на проектот „Нови европски демократии“ при Центарот за стратешки  и меѓународни студии во Вашингтон, Јануш Бугајски.

 

Бугајски: Доцнење, но процесот на проширување на ЕУ - продолжува
Бугајски: Доцнење, но процесот на проширување на ЕУ - продолжува
Проблемите околу прифаќањето на евро-уставот иако го кочат, нема да бидат толку пресудни за проширувањето, смета Бугајски:

 

- Лично сметам дека ќе има доцнење во процесот, но нема да запре.

 

Бугајски смета дека секоја земја-претседавач со Унијата за време на својот шестмесечен период ќе има своја агенда, но дека најверојатно, повеќето од нив ќе дојдат до заклучок дека е добра идеја да се внесат аспирантите во ЕУ и да се стабилизираат, отколку да се држат настрана.

 

Тој ја исклучи можноста на претстојниот самит на ЕУ во декември да биде определен датум за почеток на преговори со Македонија.

 

- Мислам дека пораката за Македонија, Албанија и другите земји е дека треба да си ги завршат домашните задачи и да и́ докажат на ЕУ дека се добри кандидати.  Проблемот со Бугарија и Романија е дека прифатија да станат дел од ЕУ до 2007-ма, а одолговлекоа со голем број на клучните реформи.  Од суштинско значење Македонија, Албанија и Хрватска да докажат дека се сериозни во што е можно поскоро имплементирање на реформите.

 

Бугајски оцени дека Македонија и Хрватска нема да ја платат цената за преуранетото членство на Романија и Бугарија во ЕУ, но дека ќе бидат построго оценувани за начинот на
Јане Бојаџиевски во разговор со аналитичарот Јануш Бугајски
Јане Бојаџиевски во разговор со аналитичарот Јануш Бугајски
кој ги спроведуваат реформите.

 

- Нема да има групен прием за аспирантите, туку зависно од заслугите на секоја земја одделно.

 

Поднесувањето на предлог-законот за проширување на НАТО за прием на Македонија, Албанија, Хрватска и Грузија во американскиот Сенат, за аналитичарот Бугајски е силна поддршка од САД - како меѓу актуелната администрација, така и меѓу конгресмените и сенаторите:

 

- Тие ја уважија улогата на Македонија, а и на  другите земји, во помошта на САД во надворешно-безбедносна политика.  Има определеност од актуелната администрација да ги внесе потенцијалните кандидати во разумен рок.

 

Во Рига ќе нема покани за членство затоа што тоа не е Самит за проширување.  Сметам дека Македонија ќе биде спомената како дел од следните сет земји кои ќе влезат во НАТО, истакна аналитичарот од Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон

 

- Моја проценка е дека на Самитот на НАТО во 2008-ма ќе бидат упатени формални покани за членство на Македонија, Хрватска и Албанија, земјите од Јадранската група.“, заклучи Бугајски.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење
  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк