Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

 
Вашингтон накусо блокиран од камионџии

28/04/2008

Стотици возачи на камиони протестираа во центарот на Вашингтон поради високите цени на горивото. Блокирајќи го накусо сообраќајот и огласувајќи ги сирените, коновојот возила вчера мина низ американскиот главен град, свртувајќи го вниманието на се` поскапото гориво. Американското автомобилско здружение (ААА) соопшти дека на национално ниво, еден литар бензин чини 95 центи, за разлика од минатата година, кога тој чинеше 77 центи. Еден литар дизел во просек изнесува 1 долар и 11 центи, повеќе од цената лани - 95 центи. Американскиот претседател Џорџ Буш во петокот изрази надеж дека даночното враќање во вид на чек за голем број Американци, што е дел од владиниот пакет економски стимуланси, а што започна денеска, ќе помогне како надоместок за покачените цени на бензиските пумпи и во продавниците, и дека ќе ја стимулира економијата.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе