Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

 
Македонската заедница во Охајо за претседателските избори во САД


30/04/2008

Македонската заедница во Колумбус, сојузната држава Охајо на претстојните претседателски избори во САД во поголем дел е наклонета кон сенаторот Џон Меккејн, надевајќи се дека и во иднина ќе продолжи позитивниот курс на републиканците кон Македонија. Репортажа од Колумбус на Гласот на Америка: 

 

Македонците од Колумбус наклонети кон сенаторот Мекејн
Алексо Муртаноски од битолско село Ношпал
30 години живее во Колумбус.  Секретар на црковната заедница во градот.  Вели дека се обидува своите деца да ги научи на македонските обичаи.  За претседателската трка во САД, вели:

 

- Најдобра варијанта за Македонија е да победи сенаторот Мекејн, затоа што ќе ја продолжи политиката на претседателот Џорџ Буш.

 

Дени Балалоски е јавен обвинител во Колумбус, чии родители се од Цапарско кај Ресен.

Меккејн, Клинтон или Обама?  Кој е најдобра опција за Македонија:

 

- Мислам дека најдобра варијанта за Македонија е сенаторот Џон Мекејн, но на второ место е Хилари Клинтон. Строуб Талбот од Стејт департоментот во времето на Бил Клинтон беше дел од неговата адмнистрација, а сега е во тимот на Хилари. Тој еднаш се изјасни колку е смешна позицијата на Грција во однос на таканареченото прашање за името. Обама засега, барем јавно, зазема про-грчка страна, па не е добро решение за Македонија.

 

Не живееме во Македонија и не е во ред да се изјасниме дали би прифатиле промена на името со цел земјата да стане членка на НАТО, сметаат овдешните Македонци. Ако така одлучат граѓаните на Македонија за побрз економски и социјален напредок, тогаш од нас ќе ја имаат поддршката, смета Балалоски.

 

Администрацијата на Буш понаклонета кон Македонија во однос на несогласувањата со Грција
Пол Наумов e даночен адвокат од Колумбус, Охајо. Дедо му дошол во САД во 1909-та од Мекрохори, Грција.

 

- Фер е да се каже дека повеќето Македонци сметаат дека администрацијата на Буш има понаклонета позиција кон Македонија во однос на несогласувањата со Грците.  Имајќи ги предвид конзервативните кандидати, мислам дека сенаторот Мекејн ќе ја продолжи политиката на претседателот Буш.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Огномет и излети во САД за 4-ти јули

  Повеќе
Шест месеци по ред американската  економија  губи работни места
АНКЕТА - ГЛАСОТ НА АМЕРИКА САКА ДА ГО ЧУЕ ВАШИОТ ГЛАС
Буш сака да се исполнат ветувањата за Африка
Стејт департментот работи на прашања од Сенатот околу номинацијата на Филип Рикер
Буш го потпиша  законот за финансирање на  војните во Ирак и Авганистан
Северна Кореја го уништи разладниот контејнер во Јонгбјон