Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

 
Светот пружа рака на Бурма


06/05/2008

Според претставникот на ОН Рашид Каликов, припадници на светската организација кои веќе се во Бурма ја распоредуваат помошта што била складирана во земјата. 

 

Tropical cyclone warning
Патеката на движење на циклонот Наргис
Нова помош се префрла во Бурма од складиштата во регионот, но бурманските власти не дале визи на работници на ОН да влезат во земјата и да помогнат, вели Каликов.  Тие и припадници на други хуманитарни организации чекаат во Банкок, Тајланд на дозвола за влез. 

 

Бурмански претставници предвидуваат дека бројот на мртви би може да продолжи да расте со новите информации што доаѓаат од зафрлените области.  Околу 41 илјада лица се исчезнати.  Циклонот Наргис остави стотици илјади луѓе без кров над главата и создаде недостиг на храна и вода за пиење.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе