Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

 
САД ја зголемија помошта за погодените од циклонот во Бурма за 3 милиони долари


06/05/2008

Претседателот Буш рече:

 

President Bush after signing H.R. 4286, bestowing the Congressional Gold Medal in absentia to Burmese Nobel laureate Aung San Suu Kyi, 06 May 2008
Апел до бурманските власти да дозволат САД да помогнат
- Подготвени сме да ги искористиме капацитетите на американската морнарица за да помогнеме да се најдат настраданите, исчезнатите, за да помогнеме да се стабилизира ситуацијата.  Но, за таа цел, воената хунта мора да дозволи на нашите екипи за проценка на катастрофата да влезат во земјата.  Им порачуваме на воените владетели:  дозволете САД да дојдат и да ви помогнат да му помогнете на народот, рече Буш. 

Портпаролот на Пентагон Џеф Морел информираше дека американскиот владин оддел за одбрана соработува со Стејт департментот и Американската пацифичка команда, планирајќи евентуална мисија за хуманитарна помош. 

 

Вчера Буш потпиша легислатива што одобрува доделување на конгресен златен медал на бурманската водачка на опозицијата Ан Сан Су Чи.

Тој ја окарактеризира оваа добитничка на Нобеловата награда за мир како човек кој говори за слободата и како моќен глас наспроти воената власт во Бурма.   

Конгресниот златен медал е највисокото цивилно одликување што го доделува американскиот Конгрес.

 

Ан Сан Си Чу, која во моментов е во домашен притвор во Рангун, има минато 12 од последните 18 години во притвор.  Нејзината партија - Национална лига за демократија победи на изборите во 1990-та, но армијата не ги призна изборните резултати.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе