Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

 
Шеќеринска коментира на најавата на Груевски за референдум за името


06/05/2008

Претседателката на опозициониот СДСМ вчера му реплицираше на својот политички ривал – премиерот Никола Груевски за неговата изјава дека треба да се организира референдум за името.

 

Шеќеринска ваквата позиција на Груевски во врска со името ја оцени како бегање од одговорност и вовлекување на земјата во изолација.  Таа го критикуваше Груевски за меѓународната позиција на Македонија.

 

- Груевски во Букурешт замина со променето име и кажа „да“ на променетото име, а се врати и без покана за членство во НАТО. Сега за да ја покрие својата грешка, за да не зборуваме за тоа, тој ни зборува за референдум, заради тоа што калкулираше партиски, политички, приватно, затоа сега референдумот го извади на маса. Прашањето е што досега договорил Груевски, изјави Шеќеринска.

 

И покрај ваквиот став на Шеќеринска, таа, сепак децидно не одговори дали ќе го поддржи евентуалното одржување на референдум, најавувајќи дека СДСМ деновиве сериозно ќе го разгледа ова прашање.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе