Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

ОН загрижени за состојбата во Бурма

13/05/2008

Официјални лица  на ОН  изразуваат  длабока фрустрираност  од  неможноста да ја дадат неопходната  помош на преживеаните  од циклонот Наргис.  Тие велат дека имаат на располагање  резерви од хуманитарни материјали и подготвени стручњаци кои се  обучени за   брзо дистрибуирање  во вонредни ситуации како оваа.

Она што немаат, велат тие, е дозвола од бурмиските власти да влезат во акција.  

Портпаролот  на  Организацијата за  координација  на хуманитарната помош на ОН, Елизабет Бирс, вели дека  барем  1,5 луѓе се загрозени од  несреќата.  Но повеќе од една третина од нив не добиваат никаква  помош:

-Размерот на несреќата е  огромен.  Затоа треба  брзо да реагираме за  да се спречи втора несреќа или можеби трета несреќа.  Единствениот проблем е бавната реакција од властите  во однос на помошта што пристигнува  во земјата.  Колку се тие побавни, толку повеќе помош ќе е  потребна.

ОН јавуваат дека околу 30 авионски товари на помош или заминале или се подготвени да заминат за Рангун, но  на аеродромот е хаос и  помошта не е  распоредувана доволно брзо.


Друг проблем е непостоењето волја кај бурмиските власти да прифатат странски хуманитарни работници. Бирс вели дека се очекува  да бидат дадени 34 визи, но  не е јасно кога тоа ќе се случи.

 

ОН проценуваат дека  жртвите на  циклонот примиле само 10 проценти од потребната помош во вода и храна.  Светската здравствена организација  предупредува  дека  епидемии може да избијат секој момент.
 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк