Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Обраќање на Буш пред израелскиот  парламент

15/05/2008

President Bush addresses the Knesset in Jerusalem, 15 May 2008
Американскиот претседател   предупреди  дека  дозволувањето на Иран да дојде до нуклеарно оружје ќе биде, со негови зборови, непростливо предавство на  идните генерации.

Тој кажа дека во името на мирот, светот не смее да му дозволи на Иран  да има нуклеарно  оружје. Иран го нарече  водечки спонзор на тероризмот.
 
Претседателот Буш  исто така кажа дека САД и Израел имаат „нераскинлива  врска“.

За исламските екстремистички групи  ал-Каида, Хезболах и Хамас, тој кажа дека ќе бидат поразени, со согледувањето на  неправдата од страна на Муслиманите низ целиот  Блиски Исток.


За време на петдневниот престој  во регионот претседателот Буш нема да има  тристрани разговори со претставници на Израел и Палестинците. Со палестинскиот претседател  Махмуд Абас ќе се сретне во Египет.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе