Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Обама го обвинува Буш за „невистинит политички напад“

15/05/2008

Barack Obama in Raleigh, N.C., 06 May 2008
Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека почнал „невистинит политички напад“ врз него со коментарот даден за време на посетата на Израел.  Белата куќа, пак, негира.     

Во говорот во израелскиот парламент, претседателот Буш остро ги отфрли повиците да се преговара со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и други државници кои се сметаат за непријатели на САД.

- Некои веруваат дека би требало да преговараме со терористи и радикали, како дека некој генијален аргумент ќе ги убеди дека не се во право.  Сме слушнале вакви бесмислени заблуди и порано.  Кога нацистичките тенкови влегоа во Полска во 1939-та, еден американски сенатор кажа: „Боже, да можев да зборувам со Хитлер, сето ова ќе можеше да биде избегнато“.  Имаме обврска ова да го наречеме она што е – лажен комфорт од попуштање, што историјата веќе повеќепати го дискредитираше, рече Буш.  


Буш не спомена никого по име.  Па сепак, Обама во предизборната кампања има кажано дека како претседател, би бил подготвен да се сретне со лидерите од Иран и од други земји кои не се во добри односи со САД, како Сирија, Северна Кореја, Венецуела и Куба.  Обама смета дека целосното одбивање на средба не помага да се решат дипломатските проблеми и ја наведува минатата американска политика кон Кина и Советскиот Сојуз како пример за успешно преговорање од позиција на сила. 

На коментарот на Буш, Обама издаде изјава во која вели дека „Џорџ Буш знае дека јас никогаш не сум поддржал договарање со терористи, и несекојдневното политизирање на претседателот на надворешната политика и политиката на сеење страв не чинат ништо за обезбедување на американскиот народ или пак на нашиот одлучен сојузник Израел“. 

Портпаролката на Белата куќа Дејна Перино изјави дека коментарот на претседателот не се однесува на сенаторот Обама, како и дека разбира дека кога луѓето се натпреваруваат за функција, понекогаш мислат дека целиот свет се врти околу нив, но дека тоа понекогаш не е точно. 

 

До оваа реторичка битка доаѓа непосредно откако Обама ја доби поддршката на некогашниот демократски противкандидат, сенаторот Џон Едвардс, што навидум почна да дава поволни резултати, бидејќи Обама веќе доби 4 од 19-те изборни делегати што ги имаше освоено Едвардс, а поддршка му даде и Синдикатот на работниците во челичната индустрија, кој претходно го имаше поддржано Едвардс. 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк