Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Мекејн предвидува победа во Ирак до 2013-та доколу стане претседател

15/05/2008

John McCain
Најверојатниот републикански кандидат за претседателските избори во ноември, сенаторот Џон Мекејн тврди дека доколку влезе во Белата куќа, САД ќе ја добијат војната во Ирак до крајот на првиот мандат, во 2013-та.

 

Во обраќањето во Колумбус, сојузната држава Охајо, Мекејн прогнозираше дека Ирак дотогаш ќе биде функционална демократија, иако сепак би имало помали изливи на насилство.  Тој тврди и дека влијанието на Талебан во Авганистан би се намалило, а водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен би бил или уапсен, или ликвидиран, како резултат на пакистанската соработка со САД во успешно адаптирање на контрабунтовничката тактика во беззаконските племенски области.

 

Мекејн истворемено ја отфрли теснопартиската политика за која вели дека го опседнала Вашингтон и кажа дека ќе покани демократи да бидат дел од неговата влада.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно

  Повеќе