Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Буш го потпиша  законот за финансирање на  војните во Ирак и Авганистан

30/06/2008

President George W. Bush delivers statement on North Korea, 26 Jun 2008

Претседателот Буш рече дека Америка има одговорност да ги поддржи нејзините мажи и жени кои служат во армијата, особено во време на војна:

-Им должиме на нашите храбри Американци – благодарност. Им должиме решителна поддршка. Најдобар начин да ја демонстрираме поддршката е да им дадеме ресурси кои им се потребни во задачата да извојуваат победа.

Буш зборуваше неколку минути по потпишувањето на законот за финансирање, кој беше резултат на месеци преговори, дебатирање и компромис меѓу Белата куќа и Капитол Хил. Тој ја окарактеризира легислативата како вистински меѓупартиски труд:

-Законот му покажува на американскиот народ дека дури во изборна година  Демократите и Републиканците може заедно да застанат зад нашите војници и нивните семејства.

Претседателот ги поздрави конгресните лидери од обете партии кои работеле на легислативата. Тој подвлече дека членови од Конгресот обезбедиле пари без поставување услови:

-Задоволен сум што Републиканците и Демократите во Конгресот се договорија да обезбедат витални фондови без да им ги врзат рацете на нашите команданти и без да постават вештачка временска рамка за повлекување од Ирак.

Легислативата ја заокружи цифрата пари дадени за војната во Ирак во изминативе пет години на преку 650 милијарди долари.За воените операции во Авганистан, се издвоени приближно околу 200 милијарди долари. Следниот претседател на САД ќе треба да достави ново барање за трошоците на војната во Ирак откако ќе дојде на функција, зашто средствата  треба да бидат доволни и за почетокот на 2009-та.

 

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк