Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Стејт департментот работи на прашања од Сенатот околу номинацијата на Филип Рикер


01/07/2008

Американскиот Стејт департмент во моментов работи на одговори на прашања од Сенатот во врска со потврдувањето на Филип Рикер за нареден амбасадор на САД во Република Македонија. 

Минатиот петок, Сенатот побарал од Стејт департментот написмено да даде одговор на неколку прашања во врска со потврдувањето на Филип Рикер за нов амбасадор во Република Македонија.  Портпаролот Чејс Бимер од Европското биро на Стејт департментот вели дека владата во моментот работи на одговорите и се надева постапката за потврдување да продолжи кога Сенатот ќе продолжи со работа по американскиот празник – Денот на независноста 4-ти Јули.  

Бимер не сакаше да одговори директно кој од сенаторите имал прашање за потврдувањето на Рикер.    

- Ние одговараме на сите барања што доаѓаат од Сенатот.  Не би сакал да одам во детали од кого, но можам да кажам дека добивме извесни барања за појаснување по неколку прашања и подготвуваме написмено одговор.  Ќе сториме се` што можеме целосно да одговориме и директно ќе соработуваме со Сенатот за да се обидеме да продолжиме со потврдувањето, рече Бимер.

Грчките медиуми последниве неколку дена шпекулираа дека сенаторските забелешки на номинацијата всушност претставуваат порака од грчкото лоби во САД до владата на претседателот Џорџ Буш да ја смени позицијата во однос на спорот околу името меѓу Република Македонија и Грција.    

Бимер немаше детали за содржината на прашањата.

За сите номинации од американскиот претседател, како што е кандидатурата на Рикер, неопходна е потврда од Сенатот и таа не може да биде финализирана додека не се одговори на сите прашања од сенаторите.  Бимер изрази надеж дека Рикер ќе биде потврден на функцијата, но не сакаше да шпекулира во кој рок.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк