Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Буш сака да се исполнат ветувањата за Африка

02/07/2008

Претседателот  Буш вели дека на светот му требаат повеќе од лидери кои само ветуваат помош за Африка.  Тој вели дека  на светот  му требаат лидери кои  всушност  пишуваат чекови:

-Се надевам оти  овие земји сериозно го сфаќаат  ветувањето и надежта што произлегува од  помошта за олеснување на страдањето. Затоа, еден од моите  приоритети е да ги  поттикнеме нашите партнери  да дадат ветување и да го исполнат ветувањето.

Господинот Буш на новинарите во Белата Куќа им кажа дека  оди на самитот на Групата 8 во Јапонија  следната недела за да изврши притисок  неговите колеги  да ги остварат   ветувањата од  пред две години за удвојување на  помошта за Африка  на 22 милијарди долари до 2010.

До сега, непартиската  група за кревање на свеста за СИДАта  и сиромаштијата – Кампања Еден, вели дека  само 14 проценти од овие   фондови  биле дадени.

На минатогодишниот самит на Г8, лидерите се согласија да ги  поддржат  напорите предводени од САД за намалување на бројот на смртни случаи од маларија  за половина  во најзагрозените  држави. Претседателот Буш  вели дека ќе  инсистира исто така лидерите да  го почитуваат тоа  ветување.  

Господинот Буш вели дека ќе бара повеќе  финансирање од Г-8 за обука на африканските здравствени работници и за помош на  оние кои се соочени со  зголемени  цени на храна во Африка и други земји во  развој:   


-Во Токио
, исто така ќе  побарам од лидерите да направат стратешки потези  да ја намалат сиромаштијата  како што е  зголемување на  пратките со  храна, ѓубрива, и семе за државите кои имаат потреба од тоа.  Една работа е да се зборува за проблемот.  Ова е практичен  начин да се помогне на   државите да се справат со недостигот на храна. Ние треба да им помогнеме на  најзагрозените нации  да одгледуваат повеќе сопствена  храна. Сметам дека има смисол ако им помогнеме самите да застанат на нозе во  земјоделието.

Претставници на Белата Куќа очекуваат претседателот Буш да  дискутира и за  тековната политичка криза  во Зимбабве на билатерални средби со јужноафриканскиот  претседател Тхабо Мбеки и на поширок собир меѓу  лидерите на Г-8 и претседателите на Етиопија, Гана, Нигерија, Сенегал и Танзанија.

Глобалните климатски промени  исто така се на годинешнава  агенда.
 

Домаќинот на  самитот, јапонскиот министер Јасуо Фукуда, се надева дека  ќе ги убеди  неговите колеги да се согласат  на 50  проценти  намалување на издувните гасови до 2050.

Претседателот Буш ги блокираше обврзувачките  ограничувања  на штетните гасови на минатиот самит  на Г8  бидејќи не беа вклучени големите загадувачи како Кина и Индија.  Оваа година самитот ќе ги вклучи  Кина и Индија  во одвоени  средби на 16  најголеми економии  одговорни за  80 проценти од светската  емисија на  јаглероден диоксид.

Господинот Буш вели дека  напорите да се  избориме со глобалните климатски промени  не смеат да го ограничат  економскиот развој.

-
Ќе ги потсетам дека имаме поголема енергетска безбедност и можеме подобро да ја контролираме животната средина без да ја жртвуваме економијата.  Принципот е многу едноставен.  Ќе биде тешко да се најдат пари за инвестирање во нова технилогија  ако немаме  пари за трошење и затоа  треба да направиме економијата да биде силна.

Претседателот одобри 40 милијарди долари  во американски заемски гаранции  за поддршка на   инвестиции на приватниот сектор во чиста енергетска  технологија.

 

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк