Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Шест месеци по ред американската  економија  губи работни места

03/07/2008

Нов извештај  од Одделот за труд  покажува дека  американската економија  губи повеќе  работни отколку што отвора, шест месеци по ред.

До сега, годинава, американската економија  намалила  438-илјади работни места, што е силен контраст  од 2007, кога  вработеноста растеше  во просек  од над  90 илјади  работни места  месечно.

Светските цени на нафтата  денес постигнаа  нов рекорд зголемувајќи  ја заканата од инфлација и намалувајќи ги можностите за  глобален економски развој.

Цената на сировата нафта  за идна достава, на њујоршката  берза се искачи на 145 долари и 85 центи за барел.

Аналитичарите  сметаат дека за ова е виновен слабиот долар, загриженоста  за конфликтот на Блискиот Исток и малите  резерви на сирова нафта.

Зголемувањето на  цената на нафтата влијае на  зголемување на цените на многу добра и услуги, со што е зголемена и заканата од инфлација.

Денес Европската централна банка се обиде да се избори со инфлацијата  преку зголемување на  каматните стапки  за четвртина поен, на 4,25 отсто.

Зголемувањето на каматните стапки ја забавува  економијата со зголемување на  трошоците за  позајмување  пари за купување опрема  за проширување на стопанските дејности  и за купување  недвижнини.   

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк