Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Членките на Г-8 загрижени за политичките превирања во Зимбабве

07/07/2008

Претседателот Џорџ Буш се сретна со  танзанискиот претседател Џакаја Киквете на маргините на самитот на Групата Осум на јапонскиот остров Хокаидо.

Буш рече дека е длабоко разочаран од претседателските избори со само еден кандидат во Зимбабве на кои Роберт Мугабе ја задржи власта.  Иако Киквете се согласи со голем дел од забелешките на Буш, тој рече дека африканските лидери можеби нема да се согласат со западните за тоа како да се појде напред во ситуацијата.

Танзанија го држи ротирачкото претседателство на Африканската Унија и нема дадено поддршка за санкциите против Зимбабве.

Денеска се сретнаа и јапонскиот премиер Јасуо Фукуда и неговиот британски колега Гордон Браун.  Браун кажа дека е важно за Г-8 да испрати енергична порака до Зимбабве.

Американскиот претседател Џорџ Буш разговараше и со неговиот руски колега Димитри Медведев. Тие се сретнаа на маргините на Самитот Г-8 во Јапонија и се заложија заедно да работат на отстранување на нуклеарната закана од Иран и Северна Кореја.

Сепак, двајцата лидери не успеаја да ги надминат разликите околу планираниот противракетен штит во Источна Европа.

Ова беше прва средба меѓу двајцата лидери откако Медведев дојде на функцијата во мај.

Близок соработник на рускиот претседател вели дека Медведев му порачак на Буш дека идејата за основање база за проектили во Литванија е „апсолутно неприфатлива“.  Рускиот лидер исто така го повторил руското противење на американскиот план за пресретнувал на проектили во Полска и радар во Чешката Република.

Вашингтон тврди дека противракетниот штит е неопходен за заштита на САД и Европа од непринципиелни држави.

 

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк