Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

ДУИ демантира дека се откажала од дел од своите барања


07/07/2008

ДУИ негира дека се согласила да се одложи решавањето на прашањата за употребата на знамињата на етничките заедници и законот за полиција за возврат на влегувањето во владината коалиција.

Џевад Адеми вели дека овие прашања допрва ќе се отвораат.  Признава дека на средбата меѓу лидерите Никола Груевски и Али Ахмети не било разговарано за овие прашања, но тоа според него не значи дека нема да бидта отворени:

- Двајцата лидери во начелното договарање за градење платформа на владата на Република Македонија не расправаа за оваа тема.

Од ВМРО-ДПМНЕ  повторуваат дека за овие две прашања е ставен мораториум во следните четири години, исто како и за прашањето за територијалната поделба на Кичево.

И од ДУИ, и од ВМРО -ДПМНЕ потврдуваат дека е постигната  согласност околу неколку клучни прашања за државата: името на државата, евро-атлантските интеграции, неселективност во борбата против корупцијата и сето она што го дефинира Рамковниот договор.

Адеми, пак, вели: 

- Законот за употреба на јазиците да биде согласно амандманот 5 од ставот и духот на Рамковниот договор и обезбедување материјална и социјална поддршка на сите засегнати кои настрадале во конфликтот 2001-ва, вклучувајќи ги тука и семејствата на паднатите борци на ОНА.

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија

  Повеќе
Владино тело изразува скептичност по планот за стимулирање на економијата
Вокер: Одлуката од Букурешт е непроменета – Македонија е подготвена да биде дел од НАТО штом ќе се реши спорот со името
Рајс го повикува Пакистан на соработка околу нападите во Мумбаи
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк