VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

24 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Macedonian Editorials
Верска слобода
04/12/2008
US President George W. Bush is seen while he addresses the 63rd session of the UN General Assembly in New York, 23 Sep 2008
Aмериканскиот претседател Џорџ Буш
Оние кои „искажуваат различни верувања и богопочитуваат на различни места“ имаат верба што ги води до заеднички вредности, како почитувањето на возвишеноста на животот и противењето на злоупотреба на религијата како оправдување за насилство и убиства, рече американскиот претседател Џорџ Буш, обраќајки се конференцијата за меѓуверски дијалог што неодамна се одржа во ОН.

Пред 60 години, членовите на Генералното собрание на ОН истакнаа дека сите луѓе имаат фундманетално право на вероисповед. Генералното собрание тоа го уважи во Универзалната декларација за човекови права. Декларацијата вели дека секој има право да ја избере или да ја промени верата, како и право да ја практикува – приватно или јавно.

Претседателот Буш потенцираше дека САД ја продолжуват таа традиција со што верската слобода е централен елемент на надворешната политика:

- Најенергично ги поттикнуваме државите да разберат дека верската слобода е основа за здраво и надежно општество. Не се плашиме да застанеме зад верските дисиденти и верниците кои ја практикуваат својата вера, дури и онаму каде таа не е добредојдена.

Буш рече дека во изминатите осум години на функцијата претседател забележал „како слободата и вербата може да го воздигнат животот и да го водат светот кон мир“. Тој им се заблагодари на државите кои учествуваа во меѓуверскиот дијалог во ОН. Преку дијалогот, рече Буш, може да се приближиме поблизу до денот кога нашите молитви за слобода и мир ќе бидат одговорени.

Download Верска слобода
Преземете  (WM)
Watch This Report Верска слобода
Watch  (WM)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење