VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

23 Октомври 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Секојдневно користење на Интернет – од полза за постарите

23/10/2009

Изреката „се губи тоа што не се користи“ особени важи за функцијата на мозокот кај постарите луѓе кои го користат Интернетот, вели професорот по психологија, Гери Смол.

„Сложени вештини за резонирање, вештини за работа, краткорочна меморија – сите овие делови на мозокот се активирани како резултат на еднонеделно користење на Интернет“, вели Смол.

Смол и група научници од Универзитетот Калифорнија во Лос Анѓелес, студијата ја вршеле врз 24-ца поединци на возраст меѓу 55 и 78 години.  Половина од нив го користеле Интернетот секојдневно.  Учесниците од другата група немале искуство со комјутери.

На сите доброволци е извршено сканирање на мозокот додека вршеле симулирани интернет активности.  И обете групи покажале активности во мозочните предели што го контролираат јазикот, читањето, меморијата и визуелните способности.  Групата испитаници со претходни познавања од Интернет, покажала активност во деловите од мозокот важни за меморијата и донесувањето на одлуки.

По куса обука за тоа како да користат Интернет, лицата биле испратени дома за да направат истражување на Интернет за време на седумчасовни сесии и во рок две недели.

„Од нив побаравме да пронајдат локации за планинарење или други теми од интерес за оваа старосна група. Откривме дека го познаваат материјалот“, вели Смол.

Учесниците во студијата потоа биле испратени на второ сканирање на мозокот.

„Првично, забележана е поголема мозочна активност кај луѓето со поголеми познавања на Интернет, меѓутоа лицата кои претходно немале никакви познавања, успеале да се вклучат во рутината за само една недела“, вели Смол.

Овој експерт објаснува дека со стареењето, мозокот минува низ бројни психолошки промени, како намалување на обемот и намалување на активностите на мозочните клетки. Сето ова може да влијае врз когнитивните функции.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет