VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

27 Октомври 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Лошото време одложи  лансирање на новата американска ракета

27/10/2009

Американската вселенска агенција го одложи  лансирањето на својата најнова ракета „Арис I-X" поради лоши временски услови.  Претставници на НАСА во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида велат дека повторно ќе се обидат во среда, кога времето треба да се подобри. 

НАСА со лансирањето се обидува да собере информации за перформансот на ракетата преку 700 сензори инсталирани на неа.  Летот ќе трае само две минути, пред таа да падне во Атлантскиот Океан. 

Оваа ракета од новата генерација е модифицирана верзија на ракетите на тврдо гориво – носачи на спејс-шатл леталата и е дел од планот на НАСА за враќање на човекот на Месечината до 2020-та година, како и за транспортирање на екипажи до Меѓународната вселенска станица. 

Лансирањето доаѓа во време кога постои сомневање за иднината на американските вселенски летови со човечки екипаж.  Работна група на Белата куќа смета дека сегашниот годишен буџет на НАСА од 18 милијарди долари ги довел плановите на „неодржлив пат".

НАСА се надева дека првите мисии на човечки екипаж со Арис би се случиле до 2015-та, додека работната група смета дека тоа нема да биде можно се` до 2017-та.  Спејс-шатл леталата треба да бидат повлечени и заменети со нови до 2010-та.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името