Демократите во Претставничкиот дом предложија закон за здравствена заштита
29/10/2009
Претседателката на Претставничкиот дом, демократката
Ненси Пелоси во четвртокот го претстави предлог-законот за здравствена заштита
за кој кажа дека ќе овозможи здравственото осигурување да се прошири на милиони
Американци.На прес-конференцијата пред
зградата на Конгресот, таа коментираше дека мерката ги одразува најдобрите
вредности на земјата и се справува со најголемите предизвици пред
нацијата.
Според Пелоси, мерката би обезбедила здравствено
осигурување за 96 проценти на Американците и на милиони неосигурани и недоволно
осигурани Американци би им понудила здравствена заштита што може да ја платат.
Мерката е спој на претходни две што ги усвоија три
клучни комисии на Претставничкиот дом.Таа предвидува систем на здравствено осигурување во кои малите бизниси и
поединците би можеле да бираат меѓу различни осигурувачи за најдобар и
најекономичен план за здравствена заштита.Можен избор е и контроверзното
владино осигурување што би претставувало конкуренција на приватните.
Републиканците се енергично против владиното
осигурување и коментираат дека тоа практично претставува владино преземање на
системот на здравствена заштита.