Обама оддаде почит на војници загинати во Авганистан
29/10/2009
Американскиот претседател Барак Обама во текот на ноќта
отпатува за сојузната држава Делавеар за да присуствува на враќањето на телата
на 18 Американци кои загинаа неделава во Авганистан. Обама пристигна во воздухопловната база Довер
нешто по полноќ, а се врати во Белата куќа пред зори четвртокот. Тој одржа
приватни средби со семејствата на загинатите во капела во базата.
Телата на загинатите осуммина американски војници во
серија бомбашки напади во Авганистан, на други седуммина војници и на тројца
агенти на Управата за борба против дрогата, кои загинаа во уривање на армиски
хеликопер, пристигнаа во Довер со армиски транспортен авион.
Во октомври во Авганистан загинаа најмалку 55 американски
војници и друг персонал, со што стана најкрвавиот месец за САД од почетокот на
инвазијата за смена на Талебан кон крајот на 2001-ва година.
Обама прави обемен преглед на новата стратегија
во Авганистан што ја одобри во март, а што вклучи 21.000 дополнителни војници
за борбени дејствија и обука. Со
дополнителните сили, бројот на американски војници во САД би нараснал на 68.000.
Главниот американски командант во Авганистан,
генералот Стенли Мекристал наводно побарал 40.000 дополнителни војници за се`
пожестоката војна против Талебан и Ал-Каида.