Американската економија забележи пораст за првпат по повеќе од една година
29/10/2009
Американската
економија во периодот јули-август-септември повторно започнала да расте, што е
по прпват по повеќе од една година.Според извештајот на владиниот Оддел за трговија објавен во четвртокот,
бруто-домашниот производ се зголемил со годишна стапка од 3,5 проценти во
третиот квартал – побрзо отколку што предвидуваше најголем дел од
економистите.Бруто-домашниот производ е
збир на сите добра и услуги произведени во една земја, и претставува најширока
мерка за економското здравје.
Дел од економистите сметаат дека мерките за
стимулирање на економијата го зајакнале градежништвото во индустријата на
домување и широката потрошувачка, што довело до економски импулс.
Извештајот покажува и дека широката потрошувачка
за периодот нагло пораснала со годишна стапка од 3,4 проценти.Економистите особено го
набљудуваат овој економски аспект, бидејќи на потрошувачката побарувачка
отпаѓаат околу две третини од американската економија.