VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

30 Октомври 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Сашо Ќировски – фудбалски тренер на Универзитетот Мериленд 

30/10/2009

                            
[insert caption here]
           „Мериленд Терапинс" се подгoтвуваат за утрешниот натпревар со долгогодишниот ривал, Универзитетот на Вирџиниjа.  Ќе играат на гостински терен

Минатата сезона, оваа екипа на Универзитетот Мериленд беше национален шампион на универзитетско ниво, како и во 2005-та.  Познавачите за голем успех ги сметаат не само шамипонските титули, туку и постојаноста на тимот. А таа, несомнено се должи на нивниот тренер Сашо Ќировски, кој ја води оваа екипа веќе 17 сезони. Неговата започнува во Вратница, Tетовско.

Помеѓу многуте овековечени сеќавања во неговата канцеларија, оваа црно-бела фотографија има посебно место.  Зборува за детството во Македонија и упорноста да успее.

[insert caption here]
- Таму се роди мојата љубов кон фудбалот. Во тоа време во Вратница имаше само еден телевизор, и баравме начин да гледаме некој фудбалски натпревар, ама ја користевме и секоја шанса да го играме.  

На 8-годишна возраст, со семејството се сели во Канада. Сашо расте во емигрантска средина која со себе ја донела и пасијата по фудбалот:

- Кога се преселивме во Виндзор Онтарио имаше голема емигрантска популација,  Европејци - Македонци, Хрвати, Срби, Италијанци - тоа беше Европа во мало.  Користев секоја шанса да играм.

За успех во фудбалот,како и се` во животот, неопходна е победничка култура, вели Ќировски:

- Бидејќи моите родители имаа само основно образование, тоа беше важно за мене.  Студирав бизнис на Универзитетот на Милвоки.  Моја визија беше да направам тим. Студирав да направам организација. Примерот на моето семејство ме научи што значи да се работи.

Во Америка има 3-4 спортови што доминираат, но не постои култура на само еден спорт, раскажува Ќировски. 

- Гледам дека фудбалот си наоѓа место како еден од големите спортови во САД.  Многу луѓе работат на тоа.

Сашо не пропушта шанса да гледа натпревар на македонската репрезантација. Не ги знае состојбите доволно, но:

- Навидум немаа доволно ресурси, пари или организација да соберат талентирани поединци и да направат добар тим.  Ако поранешните југословенски републики можеа така, зошто не и Македонија?

Сашо Ќировски не сакаше да го прогнозира исходот на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Канада на 14 ноември. Но, како човек судбински поврзан со двете земји, а и како некој што живее од и за фудбалот, вели дека со интерес ќе го следи натпреварот.



E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет