VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

30 Октомври 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Тесна соработка на САД и ОБСЕ


30/10/2009

 Во организација на американската хелсиншката комисија во Конгресот се одржа распит за политиката на САД спрема Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), при што стана збор и за актуелните случувања на Балканот.

[insert caption here]

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Гордон, кажа дека на патот кон Европа, балканскиот регион напреднал изминатата година.

Тој смета дека само со заедничка работа со партнерите од ЕУ е можен прогрес. Тој притоа  нагласи дека главен двигател на работите на Балканот е заедничката желба сите да бидат дел од ЕУ. 

Зад таа идеја стои дури и Босна и Херцеговина, рече тој, и покрај етничката поделеност и несогласувања за неопходните уставни реформи. 

Гордон се осврна и на одлуката на Европската комисија за укинување на визите за некои земји во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, оценувајќи ја како поттик за продолжување на усогласувањето на домашните со законодавствата на унијата.

US Ambassador Alexander Vershbow answers reporters' questions during press conference in Seoul, 28 Apr 2008

На распитот стана збор и за мисијата на ОБСЕ во Авганистан. Помошникот-американски секретар за одбрана Александар Вершбоу изрази благодарност за улогата на мисијата во изборите во оваа земја, особено во  надгледувањето на вториот круг претседателски избори на 7-ми ноември. Тој пофално зборуваше и за напорите на организацијата во обуката на авганистанската армија и обезбедувањето на граничните премини со соседите.

На распитот беше најавена и посетата на државната сектетарка Хилари Клинтон на министерската средба на ОБСЕ во декември, во Атина.

Грција е актуелен претседавач со 56-те членки на ОБСЕ и на Самитот во декември, фокусот ќе биде подобрување на безбедноста, промовирањето на економската соработка и напредокот на демократијата и човековите права. Од јануари, претседавач со ОБСЕ ќе биде Казахстан.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет