VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

02 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Халовин во САД - Празник со корени во келтските ритуали

30/10/2009

Во САД на крајот на октомври домовите се декорираат како застрашувачки места. Се слави Халовин – Ноќта на вештерките. Штом ќе завладее темница, децата одат од куќа до куќа извикувајќи го познатиот слоган за луѓето да им дадат бонбони: „Trick or Treat!"

Празникот има корени во келтските ритуали за да се истераат духовите.  Во САД првата прослава е забележана во 1921-ва година, во северната држава Минесота. Популарноста растела, и оваа година, според Националната трговска федерација, две третини од Американците планираат да го слават празникот. Тоа е далеку повеќе од минатата година кога само околу половина кажале дека ќе слават. Портпаролот на организацијата Елен Дејвис вели дека причина за тоа е што веќе не се работи за еднодневен празник. Таа вели дека ова станува едномесечна, па дури и сезонска прослава, и колку повеќе луѓе слават, толку повеќе бизнисите се прилагодуваат.

„Фармите Кокс" во Вирџинија се едно од местата каде стотици деца за празникот се возат на запрежни коли со сено, уживаат во игри поврзани со него, и, се разбира – ја избираат традиционалната тиква од која ќе направат страшило.

Годинава се очекува Американците да потрошат пет милијарди долари за Халовин - за две милијарди повеќе од лани. Што ќе се купи со тие пари? Костуми, слатки и украси. Дејвис вели дека Холивуд често влијае на изборот на  костуми.

И Националната зоолошка градина во Вашингтон ќе го слави празникот. Продадени се 18 илјади билети за настанот каде децата не се единствените кои добиваат слатки.Животните таа вечер имаат специјални, халовински, десерти.

E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД