VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

02 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Карзаи победник на изборите  во Авганистан

02/11/2009

Авганистанската изборна комисија го прогласи Хамид Карзаи за победник  на спорните избори во државата  откако беше откажан  вториот круг на гласање.

Шефот на комисијата Азизула Лудин во понеделник кажа дека претседателот Карзаи ќе остане на функцијата  бидејќи бил победник на првиот круг гласање во август, и е единствен кандидат  во вториот круг закажан за 7 ноември.

Противкандидатот на Карзаи, Абдула Абдула, се повлече од трката во неделата заради загриженост од широкораспространета измама, што го следело августовското гласање.

Членот на изборната комисија кажа дека официјалните претставници  решиле да го откажат гласањето заради безбедносни причини и заради  штедење пари.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во понеделник пристигна во Кабул за средби со Карзаи и со Абдула.

Шефот на ОН ја поздрави одлуката  за откажување на  гласањето и му честиташе на претседателот Карзаи.

Посетата на Бан уследи по минатонеделниот смртоносен напад на Куќа за гости во Кабул при што беа убиени петмина странски членови на персоналот на ОН.  

Тој во понеделникот рече дека ОН ќе продолжат да нудат хуманитарна  помош и поддршка за развој  на Авганистан.

Талебанските милитанти ја презедоа одговорноста за нападот на гостинската куќа, нарекувајќи го тоа прв чекор во планот за пореметување на вториот изборен круг.

Авганистанските изборни претставници претходно кажаа дека уставот на државата бара втор круг на гласање и дека тој ќе се одржи и покрај  повлекувањето на Абдула. Правилата во понеделник беа преиначени и гласањето беше откажано.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет