VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

02 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
20-години од падот на Берлинскиот ѕид 

02/11/2009

На берлинското предградие се протега мостот Глаинике.  Изграден е над реката Хавал и го поврзува Берлин со соседниот град Потсдам.

Но, зад идиличната глетка се крие црно минато.  Во екот на Студената војна, мостот беше познат под името Мост на шпиони. Таму комунистичките и западните претставници разменувале тајни агенти и затвореници.

„За нас, граѓаните, од 1961 наваму мостот повеќе не постоеше.  Не можевме да се доближиме до него, а погледот беше блокиран од Берлинскиот ѕид“, вели Хаио Келинг, жител на Потсдам.

Изградбата на ѕидот започнала во август 1961 од страна на комунистичката влада на Источна Германија, како физичка препрека што минува низ срцето на Берлин.  Но, со тек на време, ѕидот симболизираше подлабока поделеност на Источна и Западна Германја.  Тој воедно беше симбол на Железна завеса, линија што го делеше Запад и Исток, или Советски блок.

Ѕидот беше и извор на тензија со постојани стравувања дека Студената војна може да ескалира во поширок конфликт.  Но, со тек на време комунистичкиот систем почна да попушта, вели политичкиот аналитичар Јохен Штад од берлинскиот Слободен универзитет.

„Постоеја одредени луѓе кои знаеја дека Источна Германија се наоѓа во лоша ситуација, економијата слабееше. Нашите тајни служби знаеја  многу за тоа“, вели Штад.

Најочигледниот знак дека претстојат промени се појави кон средината на 80-те години, кога Михаил Горбачов, ориентиран кон реформи, ја презеде власта во Москва.  Овој настан, вели Штад, беше од клучно значење.

„Кога Горбачов дојде на власт во Советскиот Сојуз, народот на Советскиот Сојуз почна јавно да зборува за повторно соединување на Германија“, вели овој аналитичар.

Постоеше разлика во политиката меѓу Москва и Источен Берлин, а поддршката на Кремљ за комунистичкиот режим во Источна Германија, почна да се намалува, додава Штад. Имаше поделба, а западните лидери, како поранешниот американски претседател Роналд Реган, зедоа учество во тој процес.

„Господине Горбачов, урнете го Ѕидот“, се познатите зборови на Реган од 1987-ма година. Тоа е период кога реформистичките струи станаа поактивни во советскиот блок и до летото 1989, Источна Германија го пронајде патот кон Запад преку Унгарија.  Тогаш започнаа и мирни демонстрации во Источна Германија.

Додека притисокот од Запад имаше важна улога во случувањата, клучот беше Михаил Горбачов, вели политичкиот аналитичар Мајкл Кокс од лондонскиот Колеџ за економија.

„Со одлуката да не се употреби сила, почна да паѓа целата куќа од карти“, вели Кокс.

И навистина тоа се случи, и тоа побрзо од очекувањата.  На 9-ти ноември, Берлинскиот ѕид беше урнат, а со тоа беше соборен и комунистичкиот режим во Источна Германија.

Германија во 1990 повторно се обедини, а до 1991, се распадна и Советскиот Сојуз.  Студената војна заврши. За жителите на Источна Германија започна нов живот, полн со предизвици, но без бариери и контролни пунктови.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд