Обама: Потребна е силна акција да се поттикне економијата
02/11/2009
Американскиот
претседател Барак Обама ги повикува владата и бизниситеда понудат смели, иновативни идеи за да се
поттикне економскиот растеж и да се креираат нови работни места. Обама се обрати пред група економски советници
во Белата куќа. Тој зборуваше во време кога стручњаците
предвидуваат дека извештајот за невработеноста во САД што се очекуваво петок ќе донесевлошување на показателите. Обама кажа дека
неговата администрација невработеноста ја смета за главенфокус.
Порано во понеделникот, економскиот извештај
покажа дека американскиот производствен секторрасте сонајголемо темпо во
последниве три години. Претседателот ги поттикна владините и бизнис лидери да најдат начини за
одржување на порастот на производството и на извозот.
Понеделничкиотизвештај наиндустриска групација
нареченаИнститут за менаџмент напонудата, вели декапроизводството се зголемува трет месец по
ред. Секторотимал корист од владините
напори за стимулирање на економијата, така што некои стручњаци сепрашуваат дали растежот ќе продолжи
откаковладинитепрограми што го поттикнуваа ќе завршат.