Американскиот
авто-гигант Џенерал Моторс се повлече од планираната продажба на најголем дел од
акциите во својата германска единица, Опел, што западна во тешкотии, на
канадско-руска групација.
Директорите на ЏМ кажаа дека го промениле курсот заради
подобрените бизнис услови за компанијата со седиште во САД во последните неколку месеци.
Германските политичари и трудови синдикати силно ја
критикуваа одлуката на ЏМ.
Германската влада
ја поддржа понудата од канадскиот производител на авто-делови Магна и
руската државна банка Сбербанк како начин да се зачуваат германските работни
места во Опел.
Германскиот
министер за економија Раинер Брундерле однесувањето на ЏМ го нарече
неприфатливо, а германските работнички синдикати планираат протести за
четврток.
ЏМ кажа дека ќе го отплати заемот од 2,2 билиони
долари што германската влада го даде на
компанијата како поддршка за
канадско-руската понуда.