VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

06 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас

06/11/2009

Петок е прогласен за ден на жалост во армиската база Форт Худ во сојузната држава Тексас, во знак на сеќавање на жртвите на вчерашниот напад - еден од најкрвавите оружани инциденти во американската историја. 

13 лица загинале а 31-но било повредено кога армиски психијатар наводно отворил оган од два пиштола во четвтртокот во објект каде војниците се подготвувале за испраќање на мисии во странство, соопштија властите.  Наводниот напаѓач е идентификуван како мајор Нидал Малик Хасан од сојузната држава Вирџинија.  Според првичните медиумски извештаи, Хасан загинал во престрелката со армиски и цивилни полицајци, но главниот командант на базата, генерал-полковникот Роберт Кон подоцна изјави дека Хасан преживеал.  Генералот Кон ги коригираше и претходните медиумски тврдења дека во престрелката загинал цивилен полицаец. 

Генералот вели дека се` уште не се знае мотивот за нападот, но поранешен колега на Хасан тврди дека тој бил енергично против американските воени операции во Ирак и Авганистан и се надевал дека претседателот Барак Обама ќе ги повлече американските војници од овие земји.  Колегата тврди и дека Хасан требало да биде испратен за Авганистан.  

Хасан ја добил медицинската диплома од армиска установа во 2003-та.  Тој шест години работел во Армискиот медицински центар Волтер Рид во Вашингтон, пред да биде префрлен во Форт Худ во јули.

Претседателот Обама го окарактеризира инцидентот како „ужасен излив на насилство“ и рече дека е ужасно што лицата кои `и служат на својата земја биле нападнати на американска почва. 

Потпретседателот Џо Бајден издаде соопштение во кое се вели дека во мислите и молитвите му е целата заедница Форт Худ додека се справува со последиците на трагедијата.

Форт Худ е една од најголемите американски бази што служи како главен центар за обука на војниците кои заминуваат во Ирак и Авганистан. Базата беше под притисок на повеќекратни испраќања на војници и пост-борбен стрес.  Годинава 10 војнициод Форт Худ извршиле самоубиство. 

Форт Худ се наоѓа близу градот Килин, што беше сцена на едно од најкрвавите масовни убиства во американската историја.  Во 1991-ва, вооружен напаѓач уби 22 лица кога со своето возило удри во излогот на кафетерија. 
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд