VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

09 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата

09/11/2009

Годинава е забележан најголем број на жртви меѓу странските трупи во Авганистан од инвазијата под водство на САД и соборувањето на Талебан пред осум години, наваму.

Веќе неколку недели во Вашингтон, претседателот Обама ги слуша советите на своите помошници за најдобрата можна стратегија за решавање на актуелната криза во Авганистан.  Во меѓувреме, обичните граѓани на оваа земја имаат свој совет за лидерот на САД.

Актер Тутакил е студент по медицина од Кост, источен Авганистан.

„Испраќањето на дополнителни трупи во Авганистан, нема да го реши проблемот. Доколку САД или Авганистан отпочнат разговори со Талебан, ќе биде подобро“, вели тој.

Заинудин Вадет е невработен и живее во Кабул. Тој вели дека историјата покажала оти не постои сила која може да го окупира Авганистан и дека без оглед на бројот на војниците, борбите нема да стивнат.  Вадет верува дека неговата влада треба да отпочне разговори со Талебан.

Ахмед Вали Мохманд е студент од провинцијата Пактика, на границата со Пакистан.  Тој вели дека странските влади треба да ги користат своите ресурси за други намени наместо испраќање на трупи.

„Тие треба да му помогнат на нашиот народ во изградбата на универзитети и училишта“, вели овој студент.

Дауд Султанзои е член на авганистанскиот парламент.  Тој смета дека на земјата и` се потребни дополнителни трупи и дека американската и авганистанската влада немаат воспоставено добра комуникација за вистинската причина поради која се испраќаат војниците во Авганистан.

„Како ќе се градат училишта, ако не е безбедно? Ако не може да се пристапи до областа и да се почне изградбата?“, изјави овој политичар.

Шенкаи Каркаил е исто така член на авганистанскиот парламент. Таа вели дека се` уште не може да сфати зошто се потребни недели на состаноци, за американската влада да донесе одлука.

„Тие треба да јасни во нивните намери.  Тие дефинитивно треба да испратат дополнителни трупи бидејќи националната армија на Авганистан не е во состојба да се брани од бунтовништвото во земјата“, вели Каркаил.

САД имаат околу 68.000 трупи во Авганистан, а распоредени се 40.000 војници во рамки на НАТО и од други земји.

Главниот американски и командант на НАТО во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, предупреди дека коалицијата може да го загуби конфликтот доколку не се испратат дополнителни трупи.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд