VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

13 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан

09/11/2009

Администрацијата на претседателот Обама и новата влада во Германија ги разгледуваат своите воени ангажмани во Авганистан, испраќајќи порака до претседателот Хамид Карзаи дека од него очекуваат спроведување на крупни реформи во земјата.

Ова прашање доминираше на разговорите на американската државна секретарка Хилари Клинтон со новиот германски колега, Гуидо Вестервел.

Клинтон и Вестервел на заедничка прес-конференција ставија јасно на знаење дека очекуваат Карзаи да се обиде да ја прошири својата влада и да се справи со проблемите со корупција за кои постои детална документација.

Вестервел, кој минатата недела беше во официјална посета на Вашингтон во рамки на дводневниот самит меѓу САД и ЕУ, истакна дека Авганистан има потреба од влада што ќе го претставува целиот народ и која ќе покаже волја на добро управување.

Клинтон истакна дека САД и сојузниците на НАТО не се во Авганистан од алтруистички причини, туку да се справат со реалната закана по безбедноста од, како што го нарече, „синдикатот на тероризмот“, предводен, финансиран и инспириран од Ал Каида.

Таа додаде дека определбата за испраќање на дополнителни трупи мора да се совпадне со напорите на Карзаи за подобро управување со земјата.

„Секаква определба од владите и народот од САД, Германија и другите кои ги здружија силите со нас, како преку НАТО, така преку меѓународните сили, мора да биде примена со уште посилна определба од страна на новата влада на претседателот Карзаи.  Тоа значи да се обезбедат услуги за народот на Авганистан, да почнат напори за искоренување на корупцијата и да се има поголема одговорност и транспарентност во владините редови“, вели американската државна секретарка.

Претседателот Барак Обама ги разгледува армиските предлози за испраќање на дополнителни 40-тина илјади војници во Авганистан, додека иднината на германското воено присуство во оваа земја, беше клучно прашање за време на изборите во Германија во септември, што придонесе за реизбор на канцеларката Меркел.

Министерот за надворешни работи Вестервел вели дека приоритет на Германија е да и` помогне на авганистанската влада да се оспособи за самоодбрана.

„Сакаме да се осигураме дека Авганистан е способен самиот да се брани.  Доколку сакаме ова да се оствари, тогаш мора да гарантираме дека Авганистан ќе има сопствена безбедносна инфраструктура, да има таков систем, заради што сакаме да помогнеме тој да се изгради“, вели шефот на германската дипломатија.

Германија во моментов има околу 4.200 војници во Авганистан, распоредени главно во релативно мирниот северен дел во земајта со акцент на обезбедување обука. Новата германска влада истакна дека ќе ја преиспита ситуацијата со бројот на војниците на почетокот на наредната година.
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд