VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

10 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Пони Експрес се подготвува за прослава на 150 годишнината

10/11/2009

Пони Експрес била служба за брза пошта која од 1860-та до 1861-та година, се разнесувала со коњи и функционирала од градот Сент Џозеф во Мисури до Сакраменто во Калифорнија.  Своевремено ова била најдиректниот начин на комуникација меѓу источниот и западниот дел на САД, пред да биде измислен телеграфот и клучен настан за поголемо припојување на Калифорнија до Унијата, како што се нарекувала американската федерална влада пред почетокот на Граѓанската војна.

Со тек на време, коњаниците наоѓале пократки маршути, а со користењето на јавачи, наместо цели кочии, основачите на Пони експрес се надевале дека ќе обезбедат побрза и поефикасна услуга, со цел да добијат ексклузивен владин тендер за достава на пошта. Пони експрес покажал дека обединет трансконтинентален систем може да постои и да непрекинато да функционира во текот на цела година.  Се додека не беше заменет со Првиот трансконтинентален телеграф, Пони експрес стана дел од традицијата на Американскиот Запад. 

Токму од градчето Сент Џозеф, кое се подготвува за одбележување на 150-та годишнина од основањето на Пони експрес, јавачите на коњи сите тешки околу 57 килограми или помалку, дење и ноќе минувале 2.700 километри и назад, за да ја пренесат поштата на запад, до Сакраменто. Јавачите подоцна станаа херои во романите, филмовите и спектакуларните претстави за Дивиот запад.

Храбрите јавачи менувале коњи на секои 16 километри и тоа од околу 190-те станици на Пони експрес. 

Со себе секако ја носеле поштата, но и шише вода, Библијата и труба за сигнал станицата да подготви нов коњ и пушка.  Подоцна, за да се намали тежината јавачите со себе имале само пошта, вода и пушка.

Основачи на компанијата биле Вилијам Расел, Вилијам Бредфорд Вадел и Александар Мејџорс.  Она што воодушевува, вели Гери Чилкот, директор на еден од музеите во Сент Џозеф, е што целиот систем го организирале за само три месеци, јануари, март и април 1860-та година.  Најмиле стотици луѓе, купиле стотици коњи, поставиле станици долж маршрутата и во јануари објавиле дека на 3-ти април Пони експрес ќе заживее. Тоа и се случило.

Но за помалку од две години, Пони експрес – застарел.  Штом телеграфските линии стигнале до Калифорнија, пораките се пренесувале за неколку секунди, наместо денови.  На 26-ти октомври 1861, Пони експрес престанал да постои.  
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд