VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

11 Ноември 2009 

Денес во VOA:

Вести на 45 јазици
Британија нуди отстапки за обединување на Кипар

11/11/2009

Во обид да покаже дека е сериозна во поддршката за решение на кипарскиот проблем, Британија ја обнови понудата да се откаже од половина од територијата на која се нејзините бази во Кипар.

Во интервју за Гласот на Америка, портпаролот на ОН, Хозе Дијаз, потврди дека е пратено писмо до ОН во кое се нуди трансфер на 45 квадратни милји земјиште доколку се постигне  договор за поделениот Кипар: „Специјалниот советник на генералниот секретар беше информиран од Велика Британија. Главен услов е да се постигне договор и тој да биде ратификуван – по што земјиштето ќе биде предадено“.

Се очекува британскиот премиер Гордон Браун да ја претстави иницијативата за заживување на мировниот процес за кипарското прашање на средба со претседателот на Кипар Димитрис Христофиас во резиденцијата на Браун во Лондон. 

Британските суверени бази останаа на Кипар по објавувањето на независната република во 1960-та, и тоа околу 4.000 војници и 7.000 членови на нивните семејства живеат на територијата.

Зборувајќи за Гласот на Америка, Стујард Брдсли, портпаролот на британската армија во Кипар, се осврна на функцијата на воени бази:

„Станува збор за околу 99 квадратни милји. Тоа е суверена  територија на која се базите, што е управувана од Велика Британија и која има сопствена администрација на островот во името на кралицата. “

Претседателот на Кипар, Димитрис Христофиас кој ја претставува грчката кипарска заедница и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат се во преговори од крајот на 2008-ма, но засега малку е постигнато.

Преговорите почнаа минатиот септември и ако бидат успешни, формално може да значат крај на 35-годишната поделба на островот.

Кипар е поделен на турски северен дел и грчки јужен, кој е меѓународно признат, откако во 1974-та, Турција изврши инвазија како одговор на пучот од приврзаници на Грција.

Турција не го признава јужниот дел од островот.

Островот е членка на ЕУ од 2004-та, но само грчките Кипарци ги уживаат придобивките од членството. Ниту една од страните не се залага за трајна поделба на островот, но нема согласност како да се изрши обединувањето.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно

  Повеќе
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет
Корупцијата сериозен проблем за Источна Европа
Авганистан и Ирак – две од најкорумпираните држави во светот
Електричен автомобил го освојува Хонг Конг
Само жени над 50 години треба да вршат тест за рак на дојките, тврди работна група
Обама: Иран да докаже дека има мирни нуклеарни цели
Средба Обама - Џинтао во Пекинг
10 мртви во ракетен напад во Авганистан
Експлозија во Пакистан усмрти шест лица
ИАЕА: Иран да даде уште информации за објектот во Ком
Успешно лансирање на Атлантис
Самит за храна на ОН во Рим
Бизнисот со медицинска марихуана цвета, а легалните прашања неразрешени
Веб-страница на неделата: Climateactiontracker.org
Авганистанската влада формира оддел против корупцијата
На осмислувачите на нападите од 11-ти септември ќе им се суди пред цивилен суд
Средба Нимиц - Јолевски во петок во Њујорк
Обама и Хатојама ветуваат промени во децении старата алијанса
Расте бројот на случаи на свински грип, властите повикуваат на смиреност
Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте
Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута
Филмот „Тајната книга“ претставен во САД
Клинтон: Изборите во Бурма нема да имаат легитимитет ако изостане национален дијалог
Осомничените за нападите на 11 септември ќе бидат судени во њујоршки суд