Текстуална верзија
Пребарувај

  Теми 
САД
left_spacer
Македонија
left_spacer
Балкан
  Програма
ТВ                
left_spacer
Радио
left_spacer
Интернет
  За нас
Контакт      
left_spacer
 
САД се подготвуваат за евентуална пандемија на птичји грип


02/01/2006

Причината поради која здравствените работници се толку загрижени е што птичјиот грип од типот Х5Н1 досега однесе и 70 човечки животи, или речиси половина од потврдените случаи меѓу луѓето. 

 

Раководителот на Американскиот центар за контрола на болести и превенција Џули Гербердинг за ТВ мрежата Си-Би-Ес изјави дека американската влада за секој случај се подготвува и за најлошото.  „Мошне сме загрижени поради птичјиот грип во Азија и во Источна Европа.  Не знаеме дали ќе стане лесно пренослив од едно лице на друго, но затоа уште сега мора да преземеме мерки да се подготвиме за такво нешто“. 

 

Мерката подразбира федерален план тежок повеќе милијарди долари за вакцинација на Американците, лекови и развој на нови вакцини.

 

Секретарот за здравство и здравствени услуги Мајк Левит за Си-Ен-Ен кажа дека дивите птици продолжуваат да го шират вирусот низ светот.  „Тоа значи дека на крајот ќе дојде и во САД.  Треба да сме подготвени – меѓу другото и за ситуација во која  континуирано извесен број на луѓе се инфицираат во допир со птиците“. 

 

Американскиот секретар за здравство потенцираше дека инфекцијата кај луѓето доаѓа како резултат на близок и продолжен допир со живи птици или со свежа, а не зготвена живина.  Американските здравствени работници – вели тој, се загрижени поради тоа што овој птичји вирус има слични генетски карактеристики на вирусот што во 1918-та усмрти милиони луѓе ширум светот. 

 

Првиот човек на американското здравство е убеден дека американските научници се способни да развијат ефикасна вакцина.  Предизвикот е во тоа да се направи доволен број вакцини за сите Американци, и тоа во кус временски рок.  „Имаме вакцина за која знаеме дека произведува доволна имунолошка реакција, но кога вирусот ќе мутира во пренослив од човек на човек, тоа ќе биде различен вирус – сроден на сегашниот.  Ние знаеме дека можеме да произведема вакцина.  Она што го немаме е капацитет да ја умножиме доволно брзо за да може да ја примат сите Американци“. 

 

Секретарот Левит сепак додаде дека владата се надева дека на крајот ќе може да произведе доволен број на вакцини наменети специјално за мутираниот вирус во рок од шест месеци од евентуална пандемија. 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење
  Главно
Вооружен судир на морнариците на двете Кореи

  Повеќе
Обама заминува на прва турнеја низ Азија
Обама на средба со семејствата на жртвите во Форт Худ
Тропското невреме Ајда го погоди јужното крајбрежје на САД
Во Македонија не беа организирани свечености за годишнината од падот на Берлинскиот ѕид 
Пони Експрес се подготвува за прослава на 150 годишнината
Нов самоубиствен напад во Пакистан, најмалку 20 мртви 
Снајперистот од Вашингтон пред егзекуција
Сомалиските пирати продолжуваат со киднапирање бродови  
Паѓаат цените  на домовите во САД - расте продажбата 
Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас
Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата
САД и Германија вршат притисок за реформи во Авганистан
Обама го пофали усвојувањето на мерката за реформи во здравството во Претставничкиот дом
Иран обвини тројца Американци за шпионажа
Врховниот суд на САД расправа за доживотната казна затвор за малолетници
Германија одбележува 20-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
Филип Гордон:  Договор за името е можен и е во интерес на двете земји
Вељаноски во Вашингтон:  Добивме целосна поддршка за интеграционите процеси
13 мртви и 31 повреден во пукање во армиска база во Тексас
Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ
Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември
Абас без планови за реизбор на функцијата
Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон
Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан
Продолжува насилството во Ирак
Сенатот ја продолжи помошта за невработените
ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан
СЗО:  Свинскиот грип доминантен вирус во светот
Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак
ОН најавија продолжување на преговорите за името  
Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името
Бен Кардин: Прашањето за името е решливо
Обама повика на повисоки стандарди во образованието