„Америка
мора да ја игра својата ролја
во воведувањето на новата ера на мир", изјави претседателот Барак Обама во неделното
обраќање до нацијата за правецот на неговата политика. Тој рече:
„Америка е пријател на секоја
нација, маж, жена и дете кои бараат иднина на мир и достоинство."
Зборувајќи пред
рекорден број лица на инаугурацијата, американскиот претседател Барак Обама изнесе
нова визија на глобално лидерство за САД, потенцирајќи дека „здравите
сојузништа и истрајните убедувања" ќе играат важна улога во американската
надворешна политика:
„На оние кои се држат на власт со
корупција и измама и замолчување на неистомислениците - знајте дека сте на
погрешната страна од историјата; но дека ќе ви подадеме рака ако ја олабавите
тупаницата."
На првиот ден на
функцијата, претседателот Обама имаше средби со високи советници за прашања
врзани за воените операции во Ирак и во Авганистан. Тој исто така рече дека ќе
почне да работи со старите пријатели и непријатели да ја редуцира нуклеарната
закана.
Во неговиот
говор, тој апелираше посебно на муслиманскиот свет, кој кон САД и нивната политика гледаше скептично во изминативе години:
„Бараме нов пат
напред, базиран на взаемен интерес и взаемно почитување", кажа тој.
САД и глобалната
заедница се соочуваат со проблеми кои се сериозни и многубројни, рече Обама. „Нема
да бидат решени ниту лесно ни брзо, но
ќе бидат решени", подвлече американскиот претседател.