Овојпат
се работи за седење во првите клупи во училница каде
предаваат врвни светски професори.
„AcademicEarth“
е бесплатна веб страница која на луѓето ширум светот им овозможува пристап на
целосни курсеви и видео презентации на некои од
најдобрите универзитети во светот, објаснува Ричард Лудлоу, основач
на AcademicEarth.org. Станицата е
компилација на видео презентации и предавања од реномирани професори од
Харвард, Принстон, Стенфорд и други водечки образовни институции.
Колку
за загревање, појдете на страницата да го чуете предавањето на
професорот од Јејл, Алан Блум, „Вовед во психолохијата, препорачува Лудлоу.
Друг
мошне популарен курс е оној по физика на професорот Валтер Левин од
Ем-Ај-Ти. Како предавачи-гости исто така
мошне популарни се Томас Фридман со книгата „Светот е рамен“, а тука е и предавањето на Ален
Блајндер за почетоците на финансиската
криза.
Ален
Блајднер е поранешен потпретседател на Федералните резерви,
и сигурно знае нешто за економијата. Меѓу познатите со интерсни идеи е и Лери
Пејџ, ко-основачот на Гугл.
„AcademicEarth“
започна да функцонира во јануари годинава, но веќе привлекува различни
корисници.
„Корисниците
се тука
од различни побуди. Имаме постари лица
кои се во пензија и имаат слободно време за надообразба. Но, има и студенти кои ја
користат страницата како помагало во
нивните студии. Имаме и
професори кои велат дека ја посетуваат страницата за да научат нешто ново од
други професори“, вели Лудлоу.
Ричард
Лудлоу се надева дека ќе се придружат дополнителни познати универзитети, а
неколку се веќе активни. Тој планира да
додаде и одредени интерактивни елементи, така што преку видео материјалите,
посетителите ќе може да придонесат во одредено предавање и со свое знаење.
Да
се студира на Харвард или на Јејл сигурно ќе ве
чини барем 50.000 долари годишно. Гледајќи ги овие видео предавања од врвни
професори не е исто како да сте на нивните часови, не добивате ни кредит за тој
курс. Сепак имате можност курсот да го проследите бесплатно. Ве покануваме да го сторите тоа преку AcademicEarth.org.