VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Рурална Америка гледа спас од економската криза во енергијата од ветер

08/04/2009

Wind turbine
Во Оклахома, една од најветровитите американски сојузни држави, руралните заедници во турбините на ветер гледаат излез од тешката економска ситуација. 

Ветровит ден е вообичаена временска прогноза за Оклахома, а се` повообичаена глетка стануваат турбините на ветер долж патиштата и полињата.
Изработката и инсталирањето на една турбина чини околу два милиони долари.  Инвеститорите плаќаат кирија од четири до шест илјади долари годишно на сопствениците на земјиште за поставување на турбините.

Енџи Алберс, координатор на Иницијативата за енергија од ветер на Оклахома, финансирана од владата, смета дека се работи за нов екомомски подем што ќе ги спаси руралните области:

-Се случува сега, а ќе трае со години.  Има капацитет да помогне на осиромашените заедници, да ги врати луѓето во нив.

Компанијата „Берги Виндпауер“ изработува турбини уште од владата на претседателот Џими Картер во доцните 1970-ти.  Сегашниот претседател Барак Обама понуди субвенции и даночни олеснувања со цел овој вид на енергија да стане поевтин и пораспространет.  Бизнисот цвета, и претставникот за продажба на компанијта, Скот Мерик коментира дека се нашол во вистинската индустрија - во вистинското време:

-Ме привлекуваат турбините.  Речиси еден вид на каубојска возбуда, кога се ширела границата на американскиот Запад, само сега еколошки.

Многумина се заинтересирани и вложуваат во енергија на ветрот.  Универзитетот на Оклахома дури плаќа додаток на компанијата што му обезбедува електрична енергија, со цел до 2013-та целосно да се напојува од енергијата од ветер. 

И покрај критичарите кои велат дека турбините не се економични и погодни за широка употреба, во Оклахома многумина се за тоа турбините на ветер да станат - неизоставен дел на пејсажот.


Download Рурална Америка гледа спас од економската криза во енергијата од ветер
Преземете  (WM)
Watch This Report Рурална Америка гледа спас од економската криза во енергијата од ветер
Watch  (WM)
E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет