Поради економската криза е принуден да размислува
дури и на банкротирање, но автомобилскиот
гигант „Џенерал Моторс“ (ГМ) во соработка со компанијата за скутери „Сегвеј“
развива мало електрично возило – ефтина, брза, и еколошка алтернатива за возење
во град.
„ГМ“ и „Сегвеј“ тврдат дека
новото возило „Пума“ е иднината на сообраќајот.
Има две тркала и исто толку седишта, а со едно напојување на батеријата
може да мине 56 километри. Наменето е за
куси градски дистанци – токму оние што не се ниту за пешачење, ниту за
автомобил.
-За жителите на еден
град е важно да стигнат каде наумиле брзо, брз да се грижат дали ќе најдат
паркинг, вели Дејв Ранд, одговорен за дизај во компанијата.
„Пума“ е дел од проектот на „ГМ“
за развивање на економични возила. Лери
Барнс е на чело на Оделот за истражување и развој:
-Економичноста и
намалувањето на загадувањето не само што се потреба, туку стануваат и модерни.
„Пума“ е дизајнирана само за возење во град, а
дизајнот се` уште се довршува. Финалниот
продукт ќе биде достапен за купувачите за неколку години.