VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Научниците работат на вакцина против свински грип

29/04/2009

Додека здравствените лица ширум светот се обидуваат да го спречат ширењето на свинскиот грип, научниците интензивно работат на изнаоѓање на вакцина за овој нов вид на вирус.

Биологот Ендрју Пекоз од Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека малку е познато за вирусот Ха-1-Ен-1, што од Мексико се прошири во неколку други земји.  Брзината со која овој грип се пренесува од земја во земја, предизвика загриженост дека болеста може да прерасне во меѓународна пандемија.

Вирусот е од типот А на вируси на грип, а симптомите се блага до тешка инфекција на органите за дишење, која доколку е сериозна може да предизвика смрт.  Вирусот се пренесува лесно од човек на човек.

Пекоз додава дека никој не е имун на овој вирус, кој содржи делови од генетски материјал од свињи, луѓе и птици.

„Ова е нов вирус и се` уште не сме сигурни за неговиот биолошки состав.  Кога станува збор за грип, документирано е дека различни видови на вируси имаат различна способност да предизвикаат заболување кај животните и кај луѓето.  Во моментов, добиваме помешани знаци за способноста на овој вирус за предизвика заболување", изјави Пекоз.

„Сепак, добрата вест е што молекуларната анализа на свинскиот вирус покажува оти се работи за ист патоген низ целиот свет", вели Кети Њузал од „PATH", меѓународна непрофитна организација што промовира развивање на вакцини.

Њузал додава дека поради тоа што се чини дека вирусот на свинскиот грип не мутира, би требало да биде полесно да се направи вакцина.

Таа вели дека Американските центри за контрола на болести започнале да подготвуваат примероци од овој вирус што може да се испратат до фармацевските компании за изработка на вакцина.

Експертите додаваат дека сега предизвикот ќе биде дистрибуцијата на вакцината против свинскиот грип.

Со оглед на тоа што регуларните вакцини против грип не се ефикасни против вирусот Ха-1-Ен-1, Ендрју Пекоз од Универзитетот Џон Хопкингс, вели дека надлежните треба да одлучат дали вакцинацијата ќе биде инкорпорирана во веќе постоечката или да биде посебна.

Светската здравствена организација и Американските центри за контрола на болести соработуваат со фармацевските компании за производство на вакцина против свинскиот грип.



E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември

  Повеќе
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името