VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
„Скреч“ – програмски јазик, но и корисно наставно средство

18/05/2009

Scratch commands snap together like building blocks
Пред две години, Институтот за технологија на Масачусетс објави нов програмски јазик што го најде патот до училниците и домовите низ цел свет.  Познат под името „Скреч", тој стана начин на кој и децата, и возрасните учат и се забавуваат во ова компјутерско доба. 

Ученици во Арлингтон, во сојузната држава Вирџинија, прават анимирани стории користејќи го „Скреч".  Поголемиот дел од нив, како Лидија Мелгар од Ел Салвадор, го учат англискиот како втор јазик. 

„Учиме како да користиме многу зборови од речникот", раскажува Мелгар.

Наставникот по компјутерска наука Џеф Елкнер им го претставил овој компјутерски јазик на децата во март.

„Мојата првична идеја беше да го користиме `Скреч` за учење на програмирање.  Но, потоа откривме дека со него одлично се учи – јазик", вели Елкнер. 

„Скреч" е создаден во Медиумската лабораторија на  Институтот за технологија на Масачусетс.  

Карен Бренан, која раководи со проектот коментира:   „Нашата цел не е да создаваме армија на програмери, туку да ја развиваме способност за самоизразување.  Сметаме дека секој треба да може да креира свој медиумски материјал".  

„Скреч" е едноставен  за употреба.  Заснован е на принципот на градежни коцки што се соединуваат со различни команди.  Има повеќе од сто такви парчиња од кои избирате, како и библиотека на визуелни елементи што се дел од програмата.  Секој може да  ја „симне" програмата од Интернет-страницата поставена во мај 2007-ма, и тоа бесплатно.

Карен Бренан дава најразновидни примери на употребата на „Скреч" – од игра создадена од деветгодишно дете во Германија, потоа виртуелни музеи, учење за уметност и географија, па се` до меѓународна соработка.  За две години, колку што „Скреч" е во употреба, неговата страница привлекла  милион регистрирани корисници, кои приложиле 400 илјади проекти.



E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет