VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Атлантис се врати на Земјата

25/05/2009

Американското вселенско летало Атлантис се приземји во Калифорнија завршувајќи ја рекордната 13-дневна мисија при што беа извршени поправки врз вселенскиот телескоп Хабл.  Американската агенција за вселенски истражувања НАСА проектот го нарече комплетен успех, велејќи дека ќе го продолжи векот на 19-годишниот телескоп за најмалку 5 години.

Пет дена по комплетирањето на работата врз Хабл, седумтемина астронаути од Атлантис конечно се вратија на Земјата, со задоцнување од два дена.

„Добредојде дома Атлантис!  Честитки за успехно завршената мисија.  На Хабл му дадовте нов пар очи со чија помош ќе го прошируваме нашето знаење за универзумот", рекоа од контролата на летање во Хјустон.  „Благодарам Хјустон, ни беше задоволство од почетокот до крајот.  Имавме одличен лет", одговори екипажот на Атлантис.

Атлантис се приземји во Воздухопловната база Едвардс во Калифорнија. Првично НАСА планираше шатлот да слета во центарот во Флорида, но тоа беше одложено заради лоши временски услови.

Сега, за транспорт на Атлантис назад до Флорида, ќе бидат потребни речиси два милиона долари.

Експерти од НАСА го пофалија екипажот за надминувањето на серијата проблеми за време на петте вселенски прошетки.  Астронаутите инсталираа нови инструменти на Хабл, ги поправија неисправните делови и ги заменија старите батерии со нови.

Раководителот на вселенски проекти при НАСА, Ед Вилер, рече дека проверките на телескопот покажуваат дека мисијата била успешна и досега немало никакви проблеми.

Откако почна да кружи околу земјината топка во 1990, Хабл обезбедува многу повеќе информации за вселената споредено со телескопите стационирани на Земјата, чии прикази се оштетуваат од земјината атмосфера.

НАСА вели дека усовршувањето ќе му овозможи на Хабл да навлезе подлабоко во вселената и да трае барем до 2014 година. Агенцијата додава дека најновите поправки можно е и да се последни бидејќи наредната година планира да ги приземји вселенските летала.

Но, Ед Вилер кажа дека фокусот не треба да се става на негативното.

„Тукушто извршивме поправки на Хабл, добивме нов телескоп и четири нови инструменти. Ова се најдобри, а не најлоши времиња", рече Вилер.

НАСА очекува да ги објави првите информации од усовршениот телескоп до крајот на август.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет