VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Стајнберг:  Атина и Скопје да најдат „креативно решение“, САД ќе помогнат

28/05/2009

[insert caption here]
Џејмс Стајнберг
Има многу креативни решенија, смета американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг за спорот со името меѓу Македонија и Грција.  Тргнувајќи од искуството од средбите за време на неодамнешната посета на регионот, човекот број 2 во Стејт департментот се надева дека владите во Скопје и Атина ќе го надминат спорот.   

„Сметаме дека тоа е мошне важно, дека тоа дава можност Скопје и тамошните лидери да го заземат своето заслужено место во европската интеграција, конкретно да станат дел од НАТО.  Се надеваме дека ќе има реален, интензивиран фокус - и во Атина, и во Скопје - да се обидат да најдат креативно решение за да овозможат да продолжи интегративниот процес", кажа Стајнберг во пошироко интервју за Гласот на Америка.

Заменикот на државната секретарка Хилари Клинтон најави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН со посредство на Метју Нимиц и се подготвени да помогнат - колку што можат - во решавање на спорот.

„Напорно ќе работиме со обете страни, за да видиме кој е нивниот национален интерес, бидејќи и Грција, и Македонија имаат интерес ова да започне да се движи напред.  Се обидуваме да ги мотивираме да погледнат подалеку од разбирливите чувства што луѓето ги имаат, да размислат за нивните пошироки стратешки перспективи и придобивки", рече заменик-државниот секретар. 

Стајнберг бил охрабрен од средбите што ги одржал во Атина и смета дека "раководството во Грција ја цени важноста од тоа Македонија да биде подобро закотвена во евро-атлантските институции".  Според овој виш американски дипломат, САД имаат „постојана надеж" дека ќе се најде добар начин да се надминат тешкотиите и да се добие добар резултат.

На прашање дали Вашингтон планира да назначи специјален пратеник за Балканот, Стајнберг во поширокот интервју за Гласот на Америка кажа дека не знае дали ќе има посебен претставник, но затоа коментираше дека самата посета на потпретседателот Џо Бајден, како и неговата посета, илустрирале колку САД сметаат дека Балканот е важен.  


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Вашингтон пред нов удар од снежно невреме

  Повеќе
Иран засилено процесира ураним
Тојота најави ново масовно повлекување на популарниот Приус
Тимошенко ќе ги оспори резултатите од изборите
НАТО во обид да избегне цивилни жртви спроти офанзивата во Авганистан
ОН: итна потреба од адекватна метеоролошка служба во Хаити
Почина Џон Мурта, конгресмен и голем критичар на војната во Ирак
Ванкувер без снег на два дена пред Олипијадата
Вашингтон не може да земе здив од снегот
Петмина загинати во експлозија во електрана во САД
Лансиран Ендевор
Преку 500 неексплодирани средства извадени од Охридското Езеро
Њу Орлеанс сентс победија на „супербол“
Февруари месец на црнечката историја во САД
Епидемија на детска дебелинa во САД и светот
Македонска делегација на Молитвениот појадок во Вашингтон
Опадна стапката на невработеност во САД
Романија прифати американски ракетни пресретнувачи
Најмалку 12 загинати во експлозија што го потресе Карачи
Првиот човек на Тојота се извини за фабричката грешка
Остин зелена оаза во нафтениот Тексас
Обама на Молитвениот појадок повика да се врати цивилниот тон во американската политика
Иранските сојузници Кина и Русија се разидуваат околу нови санкции
Кина ја отфрли изјавата на САД за поцврст став кон билатералните трговски прашања
Тојота очекува профит и покрај проблемот со фабричка грешка
Тетката на Обама на имиграционен распит во САД
Аватар го „потона“ Титаник
Пакистан уапси 35-рица за нападот врз американски војници
Анвар ал-Авлаки: обвинетиот за терористички напад во американски авион беше мој ученик
Напад во Пакистан – осуммина загинати
Блер:  САД под „постојана терористичка закана“ од Ал-Каида
Интервју со Сигурјон Еинарсон, режисер на „Име си е име“
САД демантираат дека разговарале за размена на затвореници со Иран
Со цуцла - на компјутер!
Нова загриженост за радијацијата при компјутерска томографија
Бајден: иранските лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“
Ахмaдинеџад: САД создаваат поделби со распоредување на проектили во Заливот
Промоција на филмот „Име си е име“ во Вашингтон
Виена и Атина најавија иницијатива за интеграција на Западниот Балкан
Обама промовира економски иницијативи на средби со граѓани
Пентагон ја менува политиката за служењето на хомосексуалци во армијата
Објавени номинациите за Оскарите
Обама предложи буџет од 3,8 трилиони долари