VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Различни реакции на говорот на Обама

05/06/2009

Повикот на американскиот претседател Барак Обама за „нов почеток“ во односите меѓу САД и муслиманскиот свет предизвикаа главно позитивни реакции - дури и од традиционални американски ривали како што е палестинската милитантна група Хамас.

Верските лидери во древниот исламски универзитет Ал-Азхар кој беше коспонзор на обраќањето на Обама велат дека тоа е знак на “ветувачко ново раздобје во односите“. 

Набил Абу Р`денех, портпарол на палестинскиот претседател Мајмуд Абас, кажа дека говорот е „важен чекор“ и “добар почеток“ кон нова американска политика на Блискиот Исток.  Портпаролот на Хамас Фавзи Бархум смета дека се работи за „опиплива промена“ од приодот на претходната влада. 

Израелската влада соопшти дека Израел ја споделува надежта на претседателот Обама дека американските напори наговестуваат ново раздобје што ќе донесе крај на израелско-палестинскиот судир. 

Меѓутоа, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Каменеи уште пред обраќањето рече дека не е можно САД да донесат промени преку говори и слогани.

Израелските доселеници на Западниот Брег, чии населби беа предмет на критика во говорот на Обама, велат дека тој е „наивен“ и „нема претстава“ за реалната ситуација.

Пратеникот Хасан Фадлалах од либанската група Хезболах рече дека на исламскиот свет му се потребни конкретни акции, а не предавања и проповеди.

Пакистански студенти за Гласот на Америка говорот го оценија како импресивен, но дека би биле поимпресионирани од конкретни промени во одредени аспекти на американската политика.  Пакистанската Канцеларија за надворешни работи за Гласот на Америка изјави дека говорот бил „мошне охрабрувачки“ и може да претставува важен чекор кон намалување на јазот меѓу исламскиот свет и Западот. 

Портпарол на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека тој бил „мошне охрабрен“ и верува дека гоорот во Каиро „е клучен чекор во премостување на поделбите“.

Хјуман рајтс воч оцени дека претседателот Обама пропуштил важна можност да ја критикува лошата ситуација со човекови права во Египет, Алжир и Сирија.  Организацијата вели дека Обама мора да го исполни ветувањето дека ќе ги поддржува демократските принципи со тоа што ќе се зафати со угнетувачките режими во регионот, од кои многумина уживаат американска поддршка, тврди Хјуман рајтс воч.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет