VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
8-ми јуни – Светски ден на океаните

08/06/2009

Scientist Jerry Ault demonstrates one of the technologies used to track the tarpon's migration patterns
Професорот Џери Алт, кој предава поморска наука, заедно со својот тим научници на крајбрежјето на Флорида ловат тарпон уште од пет наутро.  Тарпонот е сон на секој риболовец – тоа е голема риба, брза, силна, со можност да скока во височина од 3,5 метри.

Страста за спортскиот риболов лежи токму во недофатливоста на тарпонот.  По 30-минутна борба, овој тим конечно може да ја придвижи рибата кон бродот. 

Но, научниците не се тука само за уживањето во спортот, туку тие вршат и научни проучувања.

Најпрво ја мерат рибата. Во случајов таа е долга  1,6 метри со пречник од 62 сантиметра, а тешка е околу 60 килограми.  Потоа земаат Де-Ен-Ка примерок и на нејзиниот грб вградуваат направа за да може сателитски да се следи.

Целта е наредните пет месеци постојано да снима каде се движи рибата, на која длабочина, го регистрира и нивото на сол во океанот, како и температурата на водата. Професорот Алт објаснува што ќе се случи наредните неколку месеци: „Апаратчето се одвојува од рибата, се искачува на површината, се поврзува со сателитска мрежа, се пренесуваат податоците што јас потоа ги добивам како електронска порака".

Се` досега тарпонот многу малку е проучуван.  Но поради тоа што цената на оваа риба изминативе неколку години почна да расте, нарасна и потребата од повеќе информации за неа.

Професорот Алт се поврзал со неколу организации кои се подготвени да ги финансираат проектите за истражување на тарпонот бидејќи доколу исчезне популацијата на тарпонот, ќе бидат загубени милијарди долари.

„Во моментов во Флорида комерцијалните рибарници генерираат милијарди долари годишен приход.  Спортскиот риболов во оваа сојузна држава се проценува на околу 10 милијарди долари годишен приход.  Спортскиот риболов во Флорида сега е повреден споредено со индустријата на производство и преработка на портокали на пример".

Професорот Алт вели дека една од најпопуларните дестинации за тарпонот се темните морски длабочини под мостовите.  Овој научник вели дека многу фактори се закануваат за опстанокот на најстарите животни во океанот.  Меѓу нив е и отстранувањето на шкампата – мамец, една од најомилените храни на тарпонот.

Преку сателитската ознака вградена на грбот на рибата и преку опстојно истражување, Џери Алт открил одредени вредни информации, што еден ден ќе помогнат да се спаси одумирањето на тарпонот. Тој вели дека рибата може да патува на големи далечини за да ја пронајде идеалната температура на водата, 26 степени целзиусови.  Од Флорида, тарпонот може да патува речиси 2.000 километри северно од американското крајбрежје или јужно кон Мексиканскиот Залив, Централна и Јужна Америка.

„За жал кога ќе ја премине американската граница, тарпонот може да биде уловен и да се користи за исхрана, така што за овој вид на риба која може да живе и до 80 години, важи правилото дека е подложна на секаков вид на експлоатација".

Експертите велат дека и зголемувањето на температурата на водата во океаните може да претставува опасност за опстанокот на многу животни вклучувајќи го и тарпонот.   По 10-годишно истражување, Џери Алт чувствува дека тукушто почнал да ја разбира филозофијата поврзана со тарпонот кој го надживеал изумирањето на диносаурисите, но чија иднина сега е доведена во опасност заради човечката актовност.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет