VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Боцевски: Наредната деценија клучна за евроинтеграцијата


11/06/2009

Според македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Ивица Боцевски, по последните рунди на проширување на ЕУ во 2004-та и 2007-ма година, критериумите од Копенхаген повеќе не се суштината на процесот на проширување. Преминато е на „игра“, вели тој, со воведување нови правила и претставување нови концепти. 

Боцевски зборуваше во Националниот прес клуб во Вашингтон, при што подвлече дека е задоволен што европските лидери ги забележуваат промените и се` повеќе Европејци се свесни дека доколку продолжи ваквата „игра“ од Копенхаген, Европа ќе почне да губи на кредибилитет и валидност како заедница на принципи и стандарди.

„Јас имам задача, а тоа е задача и на колегите од другите земји од Западниот Балкан, да ги потсетиме Европејците дека процесот на проширување не е завршен и дека недостига последниот дел од картата на Европа“, кажа Боцевски.

Тој рече дека е уверен оти наредната деценија ќе биде период на комплетна евроинтеграција на сите земји од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Боцевски не криеше дека има прашања на кои Македонија треба да продолжи да работи:

„Нашиот ангажман ќе го фокусираме во три области“, рече тој, набележувајќи „реформи во јавната администрација, реформи во судството и борба против корупцијата и организираниот криминал“.

Сепак, тој кажа дека Македонија е подготвена преговорите за членство во Унијата да ги започне - утре: „Македонија го има потребниот политички консензус, но и сиот административен и институционален капацитет за непречен тек на преговарачкиот процес и негово завршување“, изјави Боцевски.

Вицепремиерот од Вашингтон упати и порака до европските лидери – дека ништо не може да се постигне доколку постојано се менуваат критерумите за членство. 
Навлегувајќи во логистиката на конкретниот процес на проширување, Боцевски рече дека не е тајна оти патот на Македонија и на многу други земји од западниот Балкан не води преку критериумите на Копенхаген. „Во нашиот случај“, рече тој, „минува преку Атина“. 

Тој ги повика европските граѓани да покажат големо чувство на прагматичност и посилна заложба за решително лидерство во периодот што следи.   Боцевски очекува дека периодот по европските избори е време за  нов и отворен процес во кој ЕУ ќе почне стратешки да размислува, да исцрта јасни перспективи, стандарди и датуми, што се` заедно ќе го сочинува планот и дизајнот на тоа што претстои во овој домен.

Македонскиот вицепремиер пред новинарите во Националниот прес клуб во Вашингтон одби да зборува за преговорите за името меѓу Македонија и Грција. На многубројните прашања на оваа тема тој одговори дека Македонија на процесот му пристапува со добра волја и се надева дека истото го има и на другата страна.    
 


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет