VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Јолевски: Дијаспората има голема улога во промовирање на македонското прашање


12/06/2009

Се усогласуваат последните детали од воено-техничкиот договор меѓу САД и Македонија

Првиот човек на Македонија во Вашингтон смета дека македонскиот глас се слуша меѓу конгресмените и сенаторите во главниот град на САД.  Јолевски наведува и дека се надминати несогласувањата и делбите меѓу дијаспората и сите заедно бараат решенија и начини за промовирање на татковината.

Глас на Америка на македонски:  Како ја оценувате Првата глобална конференција на Обединатата македонска дијаспора?

Зоран Јолевски: Ваквите настани многу ќе придонесат за зајакнување на македонското присуство на дијаспората во политиката на земјите каде живеат.  Ова е еден мошне важен настан, дава една насока за иднината - каде треба да се движат Македонците.  Имавме многу убав настан во Конгресот каде им дадовме награда на пет конгресмени.  Во Амбасадата го наградивме сенаторот Лугар.  Македонскиот глас се слуша меѓу сенаторите и конгресмените во Америка. Тоа помага да се слушне македонската кауза и тоа сериозно помага на напорите на Амбасадата за претставување на Македонија и македонските интереси во американскиот Конгрес.

Глас на Америка на македонски:  Како учествува македонската влада во обединување на македонската дијаспора на Североамериканскиот континент?

Зоран Јолевски:  Во октомври минатата година кога го одржавме првиот форум на кои ги собравме сите македонски организации, на кој за прв пат разговараа како може да се обединат и соработуваат за постигнување на нивните цели и едни и други да си помагаат.  На сегашнава средба на ОМД имаме претставници на поголем број на македонски организации.  Раздвоеноста што постоеше порано е надмината.  Владата отвори три генерални конзулати во Америка – во Детриот, Њујорк и Чикаго.  Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон ги следи сите настанни на дијаспората и ја охрабруваме да се организира. Во минатото, македонската дијаспора беше организирана главно околу црковните општини.  Меѓутоа, во денешно време, освен развојот на црковните заедници, потребен е развој и на невладини организации како ОМД и Македонија 2025.  Понатаму, Американци кои ја сакаат Македонија направија организација - Пријателство со Македонија.  Тој вид на организирање е многу битен и треба да се работи на понатамошно зајакнување.  

Глас на Америка на македонски:  Која е пораката од признанијата што македонската дијаспора им ги доделува на истакнатите конгресмени и сенатори кои се декларирани пријатели на Република Македонија.  До каде е формирањето на неформална група во Конгресот или кокус што би се залагала за Македонија?

Зоран Јолевски:  Пред една година бевме мошне близу, односно кокусот беше речиси формиран.  Меѓутоа, грчката дијаспора направи сериозен притисок врз дел од конгресмените и од нив ја добивме пораката – ќе ви помогнеме и без формално формиран кокус.  Со самите писма што ги испраќаат конгресмените и активностите што ги преземаат, покажуваат дека една група на конгресмени и сенатори работат на македонското прашање.



E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет