VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
ОМД награди американски пратеници за поддршката за  Република Македонија

12/06/2009

Мотото на Првата глобална конференција на Обединатата македонска дијаспора – „начинот напред" ја опишува ориентацијата на новата генерација водачи на македонското иселеништво кои создаваат глобална македонска свест, кажа претседателот на оваа организација Мето Коловски.  На свеченоста во четрвртокот во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, ОМД му врачи на сенаторот и највисокиот по ранг член на Сенатската комисија за надворешни работи Ричард Лугар „меѓународна награда на слободата" за залагањето за Македонија, но и за долгогодишната поддршка на универзално прифатените принципи на правда, мир, демократија, лична слобода и економски можности.

Сенаторот Лугар во обраќањето ги подвлече партнерскиот однос меѓу САД и Македонија и кажа дека земјата е мошне важен дел од Европа. 

Во кусото интервју за Гласот на Америка на македонски, Лугар рече дека е оптимист во однос на македонската интеграција во НАТО и ЕУ, и покрај заканата за блокирање од Грција. 

„Понекогаш за дипломатијата е потребно извесно време.  Ќе продолжиме да се залагаме за македонското членство во НАТО.  Како што реков вечерва, тоа им го велиме и на Македонците, и на Грците кога ќе не` посетат во Сенатската комисија за надворешни работи, бидејќи веруваме дека тоа е добро за соседството, а посекако добро за Европа", кажа Лугар. 

Претходно, на одвоена церемонија во Конгресот, ОМД им додели награди на конгремсените Ерл Померој, Марк Саудер, Бил Паскрел, Кендис Милер и Хари Мичел за поддршката за Македонија. 

Конгресменот Померој за Гласот на Америка на македонски смета дека упорноста е начинот да се најде решение за проблемот со името и да се заокружи евроатлантската интеграција на Македонија. 

„Упорност, упорност, упорност.  120 земји во светот ја признаа Македонија по нејзиното име – Македонија.  Никако не е во соодветно една земја да се обидува да користи билатерално прашање за да запре друга земја да учествува во заедницата на нации, во случајов НАТО, нашиот заеднички безбедносен сојуз", рече Померој.    

Конгресменот Паскрел во емотивен говор подвлече дека има забележано тврдоглавост на обете страни и побара премостување на разликите.  

„Јас не можам да разберам како две прекрасни земји решија да спорат за она што една земја има право да го стори – да се именува себеси.  Ние ќе бевме изнервирани и гневни доколку Велика Британија ни кажеше во ОН – не сакаме да се нарекувате САД, сакаме да бидете `Поранешна Велика Британија`", коментираше Паскрел.   

Конференцијата ќе трае до сабота, а на неа денес ќе говори и американскиот амбасадор во САД Филип Рикер.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена

  Повеќе
Закажана средба Папандреу – Груевски
Обама го прими Синг во Белата куќа
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името