VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Керим: Треба да ја градиме националната свест надвор и внатре во Македонија


12/06/2009

Основен постулат на ОН - зачувување на светскиот мир
Керим: „и служиш на државата да бидеш награден, а не да бидеш платен“
Поранешниот претседавач на 62-рото Генерално собрание на ОН и некогашен шеф на македонската дипломатија смета дека македонскиот национален идентитет и јазик се двата постулата на кои мора да смета секој на оваа планета што сака да биде и е пријател на Македонците.

Керим во петокот беше одликуван со награда за животно дело на Обединетата македонска дијаспора.  

Заблагодарувајќи се за признанието, тој кажа дека „и служиш на државата да бидеш награден, а не да бидеш платен“, алудирајќи на задоволството и честа да ја претставува Македонија низ многуте дипломатски години.

Глас на Америка на македонски: Како ја оценувате првата глобална средба на македонската дијаспора? Што значи тоа за дијаспората на североамериканскиот континент?

Срѓан Керим:  Македонија 18 години е самостојна држава, има суверенитет и е уважена членка на ОН. Има добра позиција во меѓународната заедница и мислам дека е многу важно што вечерва во Вашингтон нашиот амбасадор Зоран Јолевски заедно со Обединетата македонска дијаспора организира еден ваков прием каде се присутни претставници на сите Македонци од планетата. Тука се луѓе од Австралија, Канада, Америка, Европа, практично од секое ќошенце во светот каде живеат Македонци и тоа покажува дека на патот кон националното единство кое, за жал, се` уште го немаме постигнато, ваквите мали но важни чекори, ќе ни обезбедат нешто што за секоја нација е клучно – тоа е да ја градиме националната свест и единство – и надвор и внатре во Македонија.

Глас на Америка на македонски:Колку формирањето на неформална група, таканаречен кокус во американскиот Конгрес што би се залагала за Македонија, може да придонесе за поголемо афирмнирање на Македонија?

Срѓан Керим: Толку колку што ние сме во состојба на луѓето да им покажеме дека навистина го градиме тоа македонско национално единство и се грижиме за нашиот идентитет, за нашата позиција во светот, за она што е наша улога и придонес кон еден глобализиран свет каков што е денешниот. Мислам дека со едно лобирање од овој тип како што е вечерва во Вашингтон, каде што имаме такви уважени гости како сенаторот Лугар, конгресменот Паскрел од Њу Џерси и многу други видни Американци, навистина можеме, и во Америка, и во многу други земји да го сториме она што е една од нашите клучни задачи како патриоти, а тоа е да се афирмираме како нација, како луѓе, како држава...

Глас на Америка на македонски: Зборувате за македонскиот идентитет, култура и јазик... Наскоро продолжуваат преговорите за разликите околу името. Дали сметате дека „разумен компромис“ е прифатливо решение за македонската, но и за грчката страна?

Срѓан Керим: Апсолутно сметам дека по дефиниција еден разумен компромис може да ги задоволи двете страни, но сметам и дека нема никакво место - ниту во преговорите, ниту во еден таков компромис - да се расправа за македонскиот национален идентитет и јазик. Тоа се два постулата, две премиси на кои мора да смета секој на оваа планета што сака да биде и е пријател на Македонците. Според тоа, меѓу сојузниците и оние со кои соработуваме и во НАТО и во ЕУ, тоа не би смеело да биде никакво прашање ниту пак некој смее тоа да го става на вагата на нашите интереси и усогласувања со Грција.


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Желева: Има уште многу време до 7-ми декември

  Повеќе
Обама ги поздрави американско-индиските односи, ќе ја посети Индија следната година
Белата куќа ќе се изјасни околу Авганистан за неколку дена
Странските дипломати ја поздравуваат средбата Папандреу-Груевски 
Закажана средба Папандреу – Груевски
Од СИДА починале 25 милиони, но инфекцијата забавува
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Нови армиски жртви во Авганистан
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името