VOANews.com

Глас на Америка ▪ MacedonianВашиот прозорец кон САД

 
Вести на 45 јазици
Интервју со Марк Саудер, конгресмен на САД

13/06/2009

Републиканецот од Индијана Марк Саудер раскажува дека практично со години сам во Конгресот се залагал за Македонија, поради тоа што е еден од малкумината кој во изборната единица има значителен број на македонски Американци.Саудер вели дека сега во Конгресот постои македонска неформална група - кокус, но дека допрва треба да расте по број и влијание.Тој беше еден од петорицата конгресмени што добија награда на Првата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон.

Глас на Америка на македонски:Што Ви значи оваа награда?

[insert caption here]
Марк Саудер:
Значи многу.Македонија не е голема земја, но е пријател на САД на толку многу начини.Мојата единствена посета таму беше кога појдов во еден од камповите каде се наоѓаа луѓето од Косово.Тоа беше тешка одлука што Македонија ја донесе.Очигледно, во Македонија имаше поделби толку многу години, и да подаде рака на таков начин, кога времето беше од најкритично значење во тој судир на Балканот, потоа да му помогне на НАТО и на САД откако бевме нападнати од терористите, да се обиде да трага по нив и да ги улови – тоа е еден восхитувачки период од македонската историја.Да се соработува со македонската дијаспора и да се биде награден од неа е голема чест.

Глас на Америка на македонски:Што реално може Македонија да направи за да стане членка на НАТО и да го избегне грчкото противење?

Марк Саудер:Наша работа број еден во Конгресот - бидејќи грчкото население во САД е побројно, имаат повеќе пари и повеќе гласови - е да запреме американскиот Конгрес да интервенира.Нашата извршна гранка, без оглед на тоа која партија е на власт, ја разбира важноста на Македонија и не верувам дека ќе ја занемари.Предизвикот во Европа е да се допре до европските земји, да им се помогне да разберат дека не може да имаат разединетот околу дебати за името.Мислам дека Македонија и Грција треба да продолжат да работат на прашањето.  Верувам дека со раководството во Македонија во нејзината влада, со слободните избори, со прифаќање на различни малцински групи во земјата, а што не беше најдобро направено во други балкански земји, како што Македонија ќе добива повеќе инвестиции - сега сите ширум светот минуваме низ тежок период - и ќе станува посилна, ќе биде невозможно да биде игнорирана.Влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ е само прашање на време, бидејќи економската и демократска моќ на крајот ќе надвладеат.

Глас на Америка на македонски:Дали постои идеја за формирање на македонски кокус или неформална група во Конгресот, нешто слично на грчкиот кокус?

Марк Саудер:Имаме македонски кокус, но разликата е дека немаме македонски Американци во Конгресот.Јас практично со години самиот работев поради Македонската патриотска организација и Македонската трибуна од Форт Вејн, Инидијана (делот на Индијана што го застапувам – н.з.).Конгресменот Паскрел се вклучи и даде навистина силна енергија од другата страна.  Но, за да ја илустрирам разликата – наместо големи грчки заедници во изборна едница и грчки претставници во Конгресот, ние го имаме конгресменот Померој кој како студент престојувал во Македонија, конгресменот Мичел, кој претставува град во Аризона што е збратимен со град во Македонија – врската навистина не е политичка.Дури и јас можеби имам повеќе Грци отколку Македонци во мојата изборна единица, иако имам една од најголемите македонски заедници.  Се работи за поддршка на Македонија преку пријателство, преку вистината.Како што се` повеќе луѓе ќе ја посетуваат Македонија со текот на годините, како што се` повеќе луѓе ќе разбираат за неа, како што нашиот кокус преку драгите колеги ќе ги образува за неа – така и ќе расте.Засега сме петорица.         


E-mail This Article Испрати по електронска пошта
Print This Article Верзија за печатење
  Главно
Нови армиски жртви во Авганистан

  Повеќе
Американската влада се соочува со големи исплати на долг
Обама започна кампања за подобро образование во средните училишта
Ирачкиот парламент го промени изборниот закон
Здравствената заштита оди на расправа во Сенатот
Индискиот премиер во САД
Клинтон внимателна околу авганистанските мировни разговори со Талебан
Астронаутите од Атлантис излегоа во вселената
Најмалку 500 жртви на свинскиот грип во светот од минатата недела - наваму
Скопје: 38 сомнителни или потврдени случаи на свински грип
Кишман:  Нема простор за паника
Успешна дипломатија на Балканот
Светските сили разочарани од иранската непопустливост на нуклеарен план
Деца меѓу жртвите на бомбашки напад во Авганистан
Најмалку 8 загинати во напад со беспилотно летало во Пакистан
Опра Винфри по 25 години кажува збогум на своето шоу
Најмалку 16 мртви во напад на бомбаш-самоубиец во Авганистан
Светските сили се среќаваат за иранскиот нуклеарен договор
Американската економија излегла од рецесија
Обама во Сеул: Северна Кореја да се врати на преговорите, без закани
Фатмир Бесими: Инвеститорите ги интересираат интеграционите процеси
Гејтс назначи поранешни претставници на одбраната да  ја водат истрагата за Форт Худ
Гајтнер повика на реформи во финансискиот сектор
Компјутерски проблем го поремети авиосообраќајот во САД
Карзаи даде заклетва на функцијата
Прва жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија
Холдер ја брани одлуката за судењето на обвинетите за нападите на 11-ти септември
Обама се сретна со полубратот во Пекинг
Обама во Јужна Кореја
Клинтон во Авганистан на инаугурацијата на Карзаи
Владата се движи во добар правец, тврди американскиот претседател
Според ново истражување, рејтингот на Обама паднал под 50%
Брод под американско знаме одврати напад на сомалиски пирати
Власта и опозицијата се напаѓаат околу прашањето за името
Европската комисија деблокираше помош за Бугарија
Македонија едно место погоре на листата на Транспаренси интернешенал
САД и Кина разговара за трговијата, климатските промени и Тибет